Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 1:1-21

2 Петар 1:1-21 MK2006

Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам. Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу го­леми и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет; затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве ос­тават празни, ниту бесплодни во позна­нието на нашиот Господ Исус Христос. А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очис­тил од поранешните гревови. Браќа, затоа уште повеќе насто­ју­вај­те да го зајакнете вашиот позив и из­бор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина. А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам, бидејќи знам дека наскоро ќе го ос­тавам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри. А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт. Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Него­во­то величие. Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот воз­љубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“ И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора. А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца. Знајте го прво тоа дека ниедно про­рош­тво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност