Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 4:1-7

2 Царевите 4:1-7 MK2006

Една од жените на пророчките синови со плачење му говореше на Елисеј: „Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш дека твојот слуга имаше страхопочит кон Господ; сега дојде заемодавачот да ги земе двете мои деца за робје.“ Елисеј ѝ рече: „Што да направам за тебе? Кажи ми што имаш дома?“ Таа одговори: „Слугинката твоја ништо нема во домот свој, освен еден сад со масло.“ А тој рече „Оди и побарај садови однадвор, од сите твои соседи, празни садови; собери доволно,“ „Потоа оди и затвори ја вратата зад себе и зад синовите свои и налевај во сите тие садови; полните ставај ги на­страна.“ Таа си отиде од него и ја затвори вратата зад себе и зад синовите свои. Тие ѝ подаваа, а таа налеваше. Кога беа наполнети садовите, таа му рече на синот свој: „Дај ми уште еден сад.“ Тој ѝ рече: „Нема повеќе садови.“ И маслото престана да тече. Таа дојде и му раскажа на Божјиот човек. Тој ѝ рече: „Оди, продај го мас­лото и исплати ги долговите свои; а со тоа што ќе остане, ќе живееш со синовите свои.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност