Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 4

4
1 # 2 Мојс 21,2-6; 3 Мојс 25,39-55; 5 Мојс 15,12-18; Ис 50,1; Ер 34,14; Амос 2,6; Пс 34,9; 103,17; 112,1-2; 115,13-14; Неем; 5,1-13; Мт 18,25 Една од жените на пророчките синови со плачење му говореше на Елисеј: „Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш дека твојот слуга имаше страхопочит кон Господ; сега дојде заемодавачот да ги земе двете мои деца за робје.“ 2Елисеј ѝ рече: „Што да направам за тебе? Кажи ми што имаш дома?“ Таа одговори: „Слугинката твоја ништо нема во домот свој, освен еден сад со масло.“ 3А тој рече „Оди и побарај садови однадвор, од сите твои соседи, празни садови; собери доволно,“
Елисеј ѝ помага на една вдовица
4„Потоа оди и затвори ја вратата зад себе и зад синовите свои и налевај во сите тие садови; полните ставај ги на­страна.“ 5Таа си отиде од него и ја затвори вратата зад себе и зад синовите свои. Тие ѝ подаваа, а таа налеваше. 6Кога беа наполнети садовите, таа му рече на синот свој: „Дај ми уште еден сад.“ Тој ѝ рече: „Нема повеќе садови.“ И маслото престана да тече. 7Таа дојде и му раскажа на Божјиот човек. Тој ѝ рече: „Оди, продај го мас­лото и исплати ги долговите свои; а со тоа што ќе остане, ќе живееш со синовите свои.“
Елисеј во градот Сунем
8Еден ден Елисеј отиде во Сунем. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ќе минеше, навратуваше таму да јаде леб. 9Таа му рече на мажот свој: „Ете, јас знам дека Божјиот човек, кој постојано минува покрај нас, е свет; 10да му направиме мала горна соба над ѕидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доаѓа кај нас, да се повлекува таму.“ 11Еден ден Елисеј отиде таму, се качи во горната соба своја и си легна таму, 12па му кажа на слугата свој Гиезиј: „Повикај ја Сунамитката.“ Тој ја повика, и таа застана пред него. 13И му рече: „Кажи ѝ: ‚ете, ти тол­ку се грижиш за нас; што да направиме за тебе? Има ли потреба да му проговориме за тебе на царот, или на воениот началник!‘“ Таа одговори: „Не, јас живеам меѓу народот свој.“ 14#1 Мојс 18,9-11Елисеј продолжи и рече: „Тогаш што да направиме за неа?“ И рече Гиезиј: „Ете, таа нема син, а мажот нејзин е стар.“ 15И рече Елисеј: „Повикај ја.“ Тој ја повика, и таа застана на вратата. 16Елисеј ѝ рече: „По една година, во ова исто време, ти ќе држиш на раце син.“ Таа рече: „Не, господаре мој, човеку Божји, немој да ја лажеш слугинката своја.“ 17#1 Мојс 21,1; Пс 113,9И жената остана бремена и роди син на другата година, во она исто време, како што ѝ кажа Елисеј.
Елисеј го враќа во живот синот на домаќинката
18Детето порасна и еден ден отиде кај татко си, кај жетварите. 19И му кажа на татко си: „Главата, главата ме боли.“ А тој му рече на слугата свој: „Одведи го кај мајка му!“ 20Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре. 21Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе, 22па го повика мажот свој и рече: „Испрати ми еден од слугите и една од магариците; ќе одам кај Божјиот човек и ќе се вратам.“ 23#Амос 8,5А тој ја праша: „Зошто ќе одиш кај него? Денес не е нов месец, не е ни са­бота.“ Но таа рече: „Биди спокоен.“ 24И ја оседла магарицата и му кажа на слугата свој: „Води и врви; не запирај додека не ти кажам.“ 25И тргнаа и дојдоа кај Божјиот човек, на гората Кармил. А кога Божјиот човек ја виде оддалку, му кажа на слугата свој Гиезиј: „Еве ја онаа Сунамитка; 26трчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: ‚здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето?‘“ – Таа одговори: „Здрави сме.“ 27А кога дојде кај Божјиот човек на гората, се фати за нозете негови. И Гиезиј се доближи за да ја отстрани; но Божјиот човек рече: „Остави ја, душата ѝ е огорчена, а Господ ја сокри од мене и не ми јави.“ 28И таа рече: „Барав ли јас од мојот господар син? Не зборував ли: немој да ме лажеш?“ 29#2 Мојс 4,17.20; 1 Цар 18,46Тој тогаш му рече на Гиезиј: „Препаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето!“ 30А мајката на детето рече: „Се колнам во живиот Господ и во животот на твојата душа! Нема да те оставам.“ Тогаш и тој стана и тргна по неа. 31Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не се чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: „Детето не се разбудува.“ 32И Елисеј влезе во куќата, и ете, умрено дете лежи на леглото негово. 33И влезе, ја затвори вратата зад себе и Му се помоли на Господ; 34потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои врз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа. 35Елисеј стана и почна да оди по со­бата натаму – наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седумпати и ги отвори очите свои. 36И тој го повика Гиезиј и му рече: „Повикај ја Сунамитката!“ И тој ја повика. Таа дојде кај него, и тој рече: „Земи си го синот свој!“ 37Таа се доближи, падна пред нозе­те негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.
Чудо со отровното јадење
38А Елисеј се врати во Гилгал. Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: „Стави го големиот котел и свари леќа за пророчките синови.“ 39И излезе еден од нив во полето да собира треви. Најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови, се врати и ги стави во котелот со леќа, зашто не ги познаваше. 40Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леќата, извикаа и велеа: „Смрт има во котелот, човеку Божји!“ И не можеа да јадат. 41А тој рече: „Дајте брашно!“ И го истури во котелот и му рече на Гие­зиј: „Стави им на луѓето, нека јадат.“ И во котелот не остана ништо отровно.
Елисеј нахранува сто луѓе
42Дојде еден човек од Ваал-Шали­ша и му донесе на Божјиот човек леб од првите плодови – дваесет јачмени леп­чиња и млади зрна во класови. И рече Елисеј: „Дај им на луѓето да јадат.“ 43И рече слугата негов: „Како да го поставам тоа пред сто луѓе?“ А тој ре­че: „Дај им на луѓето, нека јадат, зашто така вели Господ: ќе се наситат, и ќе остане.“ 44Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Госпо­дово.

Селектирано:

2 Царевите 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност