Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 4:7-18

2 Коринтјаните 4:7-18 MK2006

Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не гу­би­ме надеж; нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме. И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. Зашто ние, живите, постојано се из­ложуваме на смрт заради Исус, та и жи­вотот Исусов да се открие во нашето смртно тело. Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас. А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја. Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува. Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу по­обилна и вечна тежина на славата, зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи вид­ливото е времено, а невидливото – веч­но.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност