Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 4

4
Христос е присутен во апостолското служење
1 # Рим 1,16 Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме; 2#1 Сол 2,4-5но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, ту­ку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога. 3#2 Сол 2,10Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат: 4#Рим 8,29; 2 Сол 2,11за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благо­вес­ти­ето за славата на Христос, Кој е слика на (невидливиот) Бог. 5Зашто ние самите себе не се про­по­ведаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус. 6#3,18; 1 Мојс 1,3; Ис 9,1; Јн 8,12; Рим 3,23; Ефес 1,18; Евр 1,3; 1 Птр 2,9Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло. 7#12,9Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. 8#1,8; 6,4-10; 7,5; 1 Кор 4,9-13Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не гу­би­ме надеж; 9#1 Кор 15,31; Фил 3,10нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме. 10#Пс 116,10; Кол 1,24И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. 11#1 Кор 15,31Зашто ние, живите, постојано се из­ложуваме на смрт заради Исус, та и жи­вотот Исусов да се открие во нашето смртно тело. 12Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас. 13#Пс 116,10А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, 14#Рим 1,4; 8,11бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас. 15#1,11Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.
Увереност во воскресението пред стравот од смртта
16 # Рим 7,22; Кол 3,9 Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува. 17#Мт 5,11-12; Рим 8,17-18; Евр 12,11; 1 Птр 1,6Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу по­обилна и вечна тежина на славата, 18#5,7; Рим 8,24-25; Кол 1,16; Евр 11,1.3зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи вид­ливото е времено, а невидливото – веч­но.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност