Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 4:7-14

2 Коринтјаните 4:7-14 MK2006

Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не гу­би­ме надеж; нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме. И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. Зашто ние, живите, постојано се из­ложуваме на смрт заради Исус, та и жи­вотот Исусов да се открие во нашето смртно тело. Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас. А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас.