Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 7:1-10

2 Летописи 7:1-10 MK2006

Кога Соломон ја заврши молит­ва­та, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Госпо­дова го исполни домот. И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Гос­подова го исполни домот Господов. И сите синови израелски, кога ви­доа, како слезе оган и слава Гос­подова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна. А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ. И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и два­есет илјади овци: така го осветија Бож­јиот дом царот и сиот народ. Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израел стоеше. Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Гос­подов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Со­ломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот. И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израел, – многу голем со­бор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток; а на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртве­никот го правеа седум дена и праз­никот – седум дена. И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соломон и на својот народ Израел.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност