Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Летописи 7:1-10

2 Летописи 7:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога Соломон ја заврши молит­ва­та, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Госпо­дова го исполни домот. И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Гос­подова го исполни домот Господов. И сите синови израелски, кога ви­доа, како слезе оган и слава Гос­подова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна. А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ. И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и два­есет илјади овци: така го осветија Бож­јиот дом царот и сиот народ. Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израел стоеше. Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Гос­подов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Со­ломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот. И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израел, – многу голем со­бор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток; а на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртве­никот го правеа седум дена и праз­никот – седум дена. И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соломон и на својот народ Израел.

2 Летописи 7:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Соломон ја заврши молитвата, оган се спушти од небото и ги спали паленицата и закланиците, и Господовата слава го исполни Домот. Свештениците не можеа да влезат, зашто Господовата слава го исполни Господовиот Дом. Сите Израелеви синови, откако видоа дека огнот со Господовата слава се спушти на Домот, паднаа ничкум кон земјата до камениот под; поклонувајќи се, почнаа да Го слават Господа: „зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов.“ Потоа царот и целиот народ почнаа да жртвуваат жртви пред Господа. Царот Соломон принесе за жртва дваесет и две илјади говеда, сто и дваесет илјади овци; и така го осветија Господовиот Дом и царот и сиот народ. Додека свештениците стоеја на должностите, левитите на свирките за Господовите песни, што ги состави царот Давид, Го славеа Господа „зашто е вечна Неговата љубов.“ Со тоа Давид Го фалеше Господа преку нивните раце. Пред нив свештениците свиреа во рогови, додека Израелците стоеја. Соломон ја освети и средината на дворот, кој е пред Господовиот Дом, зашто таму ги принесе палениците и мрсното од помирителните жртви, зашто бронзениот жртвеник што го направи Соломон не можеше да ги собере палениците ни лебните приноси ни лојот. Во тоа време Соломон го празнуваше празникот седум дена, и сиот Израел со него, мошне голем собир, од влезот во Хамат па до Египетскиот Поток. А на осмиот ден го празнуваа свечениот собир, зашто осветувањето на жртвеникот го празнуваа седум дена, и празникот седум дена. Во дваесет и третиот ден на седмиот месец ги испрати луѓето во нивните шатори, и си отидоа со весело и со задоволно срце заради доброто кое Господ им го направи на Давида и на Соломона и на сиот Израелски народ.