Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 3:1-6

1 Солуњаните 3:1-6 MK2006

Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде доб­ро во Атина да останеме сами, и го испративме Тимотеј, нашиот брат и слугата Божји, и нашиот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера, та никој да не се поколеба во тие ма­ки; зашто сами знаете дека затоа сме оп­ределени. Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ва­ша да не би ве искушал некако Иску­шу­вачот, та да отиде залудо нашиот труд. Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас