1 Солуњаните 3:1-6
1 Солуњаните 3:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Веќе не можевме да издржиме. Решивме само ние да останеме во Атина, а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера. Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме. Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи. Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував Сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме. Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да не видите.
1 Солуњаните 3:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде добро во Атина да останеме сами, и го испративме Тимотеј, нашиот брат и слугата Божји, и нашиот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера, та никој да не се поколеба во тие маки; зашто сами знаете дека затоа сме определени. Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ваша да не би ве искушал некако Искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд. Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас
1 Солуњаните 3:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Бидејќи не можевме веќе да го трпиме тоа, најдовме за добро да останеме сами во Атина, а Тимотеј, нашиот брат и Божјиот соработник во Евангелието на Христа, го испративме, за да ве зацврсти и охрабри во вашата вера, за да не се поколеба никој во овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени, зашто кога бевме при вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете така и беше. Затоа јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да научам за вашата вера, да не би ве искушал искушувачот и да не биде напразен нашиот труд. А сега, откако ни дојде Тимотеј од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека имате секогаш добар спомен за нас и дека копнеете да нѐ видите, како и ние вас