Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 4:1-8

1 Петар 4:1-8 MK2006

Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот, та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со чо­вечки похоти, туку според волјата Бож­ја. Зашто доволно е што минатото вре­ме на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во не­чес­тиво идолопоклонство. Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите. Зашто и на мртвите им беше про­по­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога. Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“