Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 4:1-19

1 Петар 4:1-19 MK2006

Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот, та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со чо­вечки похоти, туку според волјата Бож­ја. Зашто доволно е што минатото вре­ме на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во не­чес­тиво идолопоклонство. Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите. Зашто и на мртвите им беше про­по­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога. Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат. Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог пре­ку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин. Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува. Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите. А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате. Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ни­ту како оној што се меша во туѓи ра­бо­ти; но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество. Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од без­бож­ни­ци­те и грешниците!? И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Петар 4:1-19

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност