1 Петар 3:7-9
1 Петар 3:7-9 MK2006
Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши. А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни; не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов.

