Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 3:7-9 - Compare All Versions

1 Петар 3:7-9 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Така и вие, мажите, живејте со сво­ите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како со­наследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши. А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни; не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувај­те, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов.

Сподели
1 Петар 3 MK2006

1 Петар 3:7-9 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Вие, мажите, треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани. На крајот, како заклучок, сите бидете сложни, сочувствителни еден спрема друг, сакајте се, бидете љубезни и понизни. Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакувајте им благослов. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.

Сподели
1 Петар 3 MNT

1 Петар 3:7-9 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

Така и вие, мажите, живејте благоразумно со жените како со послаб сад, искажувајќи им почитување како на сонаследнички на благодатта на животот, за да бидат вашите молитви без пречка. Најпосле, бидете сите сложни во мислењето, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, понизни; не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, зашто сте повикани за тоа, за да наследите благослов.

Сподели
1 Петар 3 MKB