Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот. Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека. Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час. Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши. А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете.
Прочитај 1 Јован 2
Слушни за 1 Јован 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Јован 2:15-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа