Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 2

2
Христос ни доаѓа на помош
1 # Јн 14,16; Дела 3,14; Рим 8,34; Евр 7,25; 8,6 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Хрис­тос, Праведникот; 2#4,10.14; Јн 4,42; Рим 3,25; Кол 1,20а Тој е жртва за измирување за на­шите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет. 3#1,3.7; 3,22-24; 4,21; 5,2-3; 2 Јн 1,6По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди. 4#4,20; Тит 1,16Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина; 5#Јн 14,21.23а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него. 6#3,3.16; 4,17; Јн 13,15.34; 1 Кор 11,1; Ефес 5,2; Фил 2,5; Кол 1,11; 1 Птр 2,21-25Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој.
Нова заповед
7 # 5 Мојс 6,5; Мт 22,37-40 Возљубени, не ви пишувам нова за­повед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот. 8#Јн 1,5; 8,12; 13,34; 15,12-17; Рим 13,12А сепак, нова заповед ви пишувам – нешто што е вистина и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети. 9#1,6; Изреки 4,18-19Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сѐ уште во тем­нина. 10#3,18-20Кој го сака својот брат, тој е во светлина и во него нема соблазна. 11#1,6; Јн 12,35; Мт 15,14А кој го мрази братот свој, тој се наоѓа во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите негови. 12#1,7; 2,2; Мт 9,2; Лк 24,47; Дела 3,16; 13,38; 1 Кор 6,11Ви пишувам, чеда, дека заради Неговото име ви се простени гревовите. 13#4,4; 5,4.5.18; Евр 8,11; 1 Птр 5,8-9Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној Кој е од почеток; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот. 14#Јн 5,38; Ефес 6,10-17; Откр 12,11Ви напишав вам, чеда, бидејќи го познавте таткото. Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој е од почеток; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо пребива во вас, па го победивте лукавиот. 15#Јн 5,42; 17,14; Рим 12,2; Јк 4,4Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот. 16#Изреки 27,20; Мк 10,24; Гал 5,24; Тит 2,12; Јк 4,16; 1 Птр 2,11Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. 17#Ис 40,8; Изреки 10,25; Мт 7,21; 1 Кор 7,31; 1 Птр 4,2А светот е минлив и похотите него­ви, а оној што ја извршува волјата Бож­ја, останува довека.
Христовите непријатели
18 # 4,3; Мт 24,5; 1 Тим 4,1; 2 Јн 1,7 Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека ќе дојде Антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи; од тоа разбираме дека е последниот час. 19#Дела 20,30; 1 Кор 11,19; 2 Кор 6,14-18Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши. 20#2 Кор 1,21; Јуда 1,5А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете. 21#Јн 8,32.44; 2 Птр 1,12; 2 Јн 1,1Не ви пишав дека не ја знаете вис­тината, туку затоа што ја знаете и затоа што знаете дека ниедна лага не доаѓа од вистината. 22#4,3; 2 Јн 1,7Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Анти­христ е тој што Ги порекнува Отецот и Синот. 23#Мт 10,33; Јн 5,23; 2 Јн 1,7.9Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот; а кој Го признава Синот, Го има и Отецот. 24#1,3; 2,27; 3,24; Јн 15,7-10И така, сѐ што чувте во почетокот, тоа и нека остане кај вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе пребивате во Синот и во Отецот. 25#Јн 5,24; 6,40; 17,2А ова е ветувањето што ни го вети Тој: вечниот живот. 26Тоа ви го пишав поради оние што ве мамат. 27#2,20; Јн 6,45; Евр 8,11А вие, помазанието што го при­мив­те од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа. 28#3,2; 4,17; Лк 13,27; Фил 1,20-21; 2 Сол 1,9И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Тој, да имаме смелост и да се не посрамиме од Него кога ќе дојде. 29#3,10; 4,7; 5,1Кога знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој, кој врши правда, е роден од Него.

Селектирано:

1 Јован 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност