Јабец беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јабец, велејќи: го родив со болки. И повика Јабец кон Бог Израелов, велејќи: „О, да ме благословеше со Твојот благослов, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!“ И Бог му го даде она за што молеше.
А Халев, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ештон. Ештон го роди Бет-Раф, Пасеах и Техина, таткото на Ирнахаш; тоа се жителите на Река. Синови на Кеназ: Готониил и Сераја, синови на Готониил: Хатат и Меонотај. Меонотај го роди Офра, а Сераја го роди Јоав, таткото на Гехарашимците, наречени така зашто беа занаетчии. Синови на Халев, Јефунеов син: Ир, Ила и Наам. Син на Ила: Кеназ. Синови на Јехалелел: Зиф, Зифа, Тирија и Асраел. Синови на Езра: Јетер, Меред, Ефер и Јалон; Јетер, пак, го роди Мирјам, Шамаја и Јишбах, таткото на Ештемоа. А жена му, Јудејката го роди Јаред, Гедоров татко, и Хевер, татко на Сохо, и Јекутиел, татко на Заноах. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Битија, што ја беше зел Меред. Синовите на жената на Одија, сестра Нахамова, беа татковци на Кеила, Гермиецот и на Ештемоа од Маахат. Синови на Симон: Амнон, Рина, Бен-Ханан и Тилон. Синови на Иши: Зохет и синот на Зохет.
Синови на Шела, син Јудин: Ер, татко на Лека и Лаада, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Бет-Ашбеа, и Јоким, и жителите на Хозев, и Јоас, и Сараф, кои имаа имоти во Моав, и Јашуви-Лахем; но тоа се дамнешни работи. Тие беа грнчари, живеејќи и во Нетаим и Гедера; живееја таму кај царот, за да му работат.
Синови Симонови: Немуел, Јамин, Јарив, Зерах и Саул. Негов син Селум; негов син Мивсам; негов син Мишма. Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј. Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини. Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал, во Билха, во Ецем, во Толад, во Ветуил, во Хорма, во Циклаг, во Бет-Маркавот, во Хацар-Сусим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид, со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, – пет градови, и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија. А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија, Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераија, син Асиелов, Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Бенаија, и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев, – сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татковците нивни се разграни многу. Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои; и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамовците. Па појдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни. А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неарија, Рефаја и Узиил, синови на Иши, и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.