Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 4:9-43

1 Летописи 4:9-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Јабец беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јабец, веле­јќи: го родив со болки. И повика Јабец кон Бог Израелов, велејќи: „О, да ме благословеше со Твојот благослов, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!“ И Бог му го даде она за што молеше. А Халев, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ештон. Ештон го роди Бет-Раф, Пасеах и Техина, таткото на Ирнахаш; тоа се жителите на Река. Синови на Кеназ: Готониил и Сераја, синови на Готониил: Хатат и Меонотај. Меонотај го роди Офра, а Сераја го роди Јоав, таткото на Гехара­шимците, наречени така зашто беа занаетчии. Синови на Халев, Јефунеов син: Ир, Ила и Наам. Син на Ила: Кеназ. Синови на Јехалелел: Зиф, Зифа, Тирија и Асраел. Синови на Езра: Јетер, Меред, Ефер и Јалон; Јетер, пак, го роди Мир­јам, Шамаја и Јишбах, таткото на Ештемоа. А жена му, Јудејката го роди Јаред, Гедоров татко, и Хевер, татко на Сохо, и Јекутиел, татко на Заноах. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Битија, што ја беше зел Меред. Синовите на жената на Одија, сестра Нахамова, беа татковци на Кеила, Гермиецот и на Ештемоа од Маахат. Синови на Симон: Амнон, Рина, Бен-Ханан и Тилон. Синови на Иши: Зохет и синот на Зохет. Синови на Шела, син Јудин: Ер, татко на Лека и Лаада, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Бет-Ашбеа, и Јоким, и жителите на Хозев, и Јоас, и Сараф, кои имаа имоти во Моав, и Јашуви-Лахем; но тоа се дамнешни работи. Тие беа грнчари, живеејќи и во Нетаим и Гедера; живееја таму кај царот, за да му работат. Синови Симонови: Немуел, Ја­мин, Јарив, Зерах и Саул. Негов син Селум; негов син Мив­сам; негов син Мишма. Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј. Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини. Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал, во Билха, во Ецем, во Толад, во Ветуил, во Хорма, во Циклаг, во Бет-Маркавот, во Хацар-Су­сим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид, со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, – пет градови, и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија. А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија, Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераија, син Асиелов, Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Бенаија, и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев, – сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татков­ците нивни се разграни многу. Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасиш­та за стадата свои; и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамов­ците. Па појдоа тие, запишани поиме­нично, во дните на јудејскиот цар Езе­кија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни. А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неа­рија, Рефаја и Узиил, синови на Иши, и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.

1 Летописи 4:9-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Јавис беше пославен од своите браќа, и мајка му го нарече Јавис, велејки: „Го родив со болка.“ Јавис Го повика Израелевиот Бог говорејќи: „Ако ме благословуваш навистина, прошири го моето подрачје, Твојата рака нека биде покрај мене и запази ме од злото, за да не се измачувам!“ Бог го исполни тоа за што Му се молеше. На Суевиот брат Хелув му се роди Мехир; тој беше Естонов татко. Од Естона потекнаа Вет-Раф, Фесеј и Техин, таткото на Ир Нас. Тоа се Рихавови луѓе. А Кенезови синови беа: Готонил и Серај. Готонилови синови: Атат и Меонот. На Меонота му се роди Офра; на Сераја му се роди Јоав, таткото на оние кои што живеат во Долината на Ракотворците, зашто беа дрводелци. Синови на Ефониевиот син Халев беа: Ир, Ила и Нам; Илин син беше Кенез. Јалелеилови синови беа Зиф, Зифа, Тириј и Асареил. Езрини синови: Етер, Меред, Ефер и Јалон; на Етера му се родија Маријама, Самај и Есва, таткото на Естемој. Неговата жена Јудејка ги роди: Јеред, татко Гедоров, Евер, татко Сохов, и Екутил, татко Заноев. Тоа беа синови на Витија, фараоновата ќерка која ја зеде за жена Меред. Синови на Одиевата жена, сестрата на Нам, таткото Келиев, беа: Симон, татко на Гармиецот Јомам, и Махатецот Естемој. Симонови синови беа: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Есеови синови: Зохет и Вен-Зохет. Синови на Јудиниот син Сила беа: Ир, таткото Лихин, Лада, таткото Марисин, и семејствата на платнарската куќа во Вет Асвеин; Јоким и луѓето од Хасива Јоас и Сараф, кои владееја над Моав и се вратија во Витлеем. Но тоа се стари настани. Тоа беа грнчари кои живееја во Нетаим и во Гедера кај царот и беа таму вработени кај него. Симеонови синови беа: Немуил, Јамин, Јарив, Зера и Саул. Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма. Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј. Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови. Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул, во Вала, во Асем, во Толад, во Ветуил, во Орма, во Сиклаг, во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување. А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови. И сите нивни населби што беа околу тие населби до Вал. Тоа беа нивните станови и нивните племенски родословија. Месовав, Јамлих и Амасиевиот син Јоса, Јоил и Јуј, синот Јосивиев, син на Серај, синот Асилов, Елиоинај, Јаков, Јесохај, Асај, Адил, Есимил и Венај, Зиса, синот Сифиин, син Алонов, син Едаев, син Симриев, син Семаин. Тие именуваните им беа старешини на своите родови, и нивните семејства се размножија многу. Затоа отидоа до Гедор до источната страна на долината за да бараат пасиште за своите стада. Најдоа изобилно и добро пасиште, и широка, безбедна и мирна земја. Бидејќи пред тоа таму живееја Хамовите потомци, Симеоновците, запишани по име, нападнаа во времето на јудејскиот цар Езекија та ги разбија нивните шатори и нивните засолништа. И ги истребија засекогаш, и се населија на нивно место, зашто таму беа пасиштата за нивните стада. Тогаш некои од оние што им припаѓаа на Симеоновите синови, нив пет стотини, излегоа на планината Сир, на чело со Фелатиј, Неариј, Рефај и Озил, Есееви синови. И го погубија Остатокот што беше избегал од Амаликците и се населија таму до денешниот ден.