Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тит 3

3
Христијанското поведение
1 # Рим 13,1; 1 Тим 2,2; 1 Птр 2,13 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, 2#Фил 4,5; 1 Сол 3,12никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе. 3#Рим 1,29; 3,21-26; 1 Кор 6,11; Ефес 2,5; 5,8Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг. 4#1,3; 2,10.11А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, 5#Јн 3,3.5.8; Ефес 2,8-9; 5,26; 2 Тим 1,9Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, 6#Јоил 2,28-29; Дела 2,4Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, 7#Рим 3,24; 8,17.24та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на веч­ниот живот. 8#1 Тим 1,15Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што по­ве­ру­ва­ле во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето. 9#1 Тим 1,4; 2 Тим 2,14.16.23А од глупави распрашувања и ро­до­словија на племињата, од препирки и рас­правии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни. 10#Мт 18,15-17Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати, 11знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси.
Последни препораки
12 # Дела 20,4 Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам. 13#Дела 18,24Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо. 14И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни. 15Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!

Селектирано:

Тит 3: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност