Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филимон Вовед

Вовед
Филимон бил значајна личност меѓу првите христијани и без сомнение член на црквата во Колоси. Бил пријател на апостол Павле (ст. 1). Тој имал роб по име Онисим, кој избегал од кај него. Онисим стапува во контакт со Павле, кој во тоа време бил во затвор. Тој станува христијанин, а Павле одлучува да го прати повторно кај неговиот господар, на кого му ја пишува оваа белешка, за да го замоли да не го дочекува повеќе како роб (робот бегалец бил изложуван на најсурови казнувања), туку како брат во својата вера. Откако го поздравува Филимон и луѓето во неговиот дом (1–3), Павле Му заблагодарува на Бога за љубовта и ревноста на Филимон (4–7). Потоа искажува молба за заштита на Онисим, кој треба да пристигне кај својот господар (8–22). Во поздравите со кои завршува ова кратко послание се наоѓаат имињата на повеќе личности по­деднакво споменати и во Посланието до Колосјаните (4,10, 12, 14). Можно е Онисим да ги донел во Колоси двете посланија, до Колосјаните и до Филимон.
Забележлива е нежноста со која Павле му пишува на својот пријател Филимон. Тој не му дава никаква заповед, ништо не му наметнува, не ги порекнува ниту неговите права над Онисим, туку му раскажува, исто онака како и на сите оние кои го читаат ова послание, како Христовата љубов осветлува еден нов ден и ги преобразува сите човечки односи.

Селектирано:

Филимон Вовед: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност