Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 7

7
Верата на еден стотник
(Мт 8,5-13; Јн 4,46-54)
1И кога ги заврши сите Свои збо­рови кон народот, што слуша­ше, влезе во Капернаум. 2#Јн 4,47А слугата на еден стотник беше тешко бо­лен, на умирање, кого многу го сакаше. 3Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов. 4А тие, кога дојдоа кај Исус, Го мо­леа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, 5#Дела 10,2зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“ 6#Дела 10,23И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите кај Него, говорејќи: „Гос­поди, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив; 7затоа и себеси не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; 8зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“ 9Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што вр­ве­ше по Него, рече: „Ви велам, ниту во Из­раил не најдов толкава вера!“ 10А кога испратените се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.
Чудото со синот на една вдовица
11Потоа отиде во градот наречен На­ин; и со Него одеа Неговите ученици и многу народ. 12#8,42; 3 Цар 17,10-12А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. 13#7,19; 8,52; 11,39Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“ 14#Мт 9,25; Мк 1,31; 9,27; Дела 9,40И кога прстапи, се допре до но­силото; носачите застанаа, а Тој рече: „Момче, тебе ти велам, стани!“ 15#3 Цар 17,23; 4 Цар 4,36Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му. 16#1,68; 19,44; 3 Цар 17,17-24; 4 Цар 4,18-37; 13,20-21; Пс 110,9И страв ги обзеде сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави ме­ѓу нас“ и „Бог го посети Својот народ.“ 17И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.
Пратениците на Јован Крстителот
(Мт 11,2-6)
18И му соопштија на Јован учениците негови за сето тоа. 19#Пс 117,26; Мт 23,39; Јн 6,14; 11,27; Откр 4,8Јован, пак, повика двајца од своите ученици и ги испрати кај Исус, гово­реј­ќи: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“ 20И кога дојдоа кај него, тие луѓе Му ре­коа: „Јован Крстителот нѐ прати кај Те­бе, велејќи: ‚Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?‘“ 21Во тој час Тој исцели мнозина од болести, и од рани, и од демони, и на мнозина слепи им подари вид. 22#2,34; Ис 26,19; 29,18; 35,5-6; 42,7.18; 61,1И им одговори Исус и рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскрес­нува­ат и на бедни им се про­поведа Евангелието; 23#Мт 5,3.29и блажен е оној кој не ќе се соб­лаз­ни поради Мене.“
Исус говори за Јован Крстител
(Мт 11,7-11)
24А кога си отидоа учениците Јо­ва­но­ви, Тој почна да му зборува на народот за Јован: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветар? 25Но, што излеговте да видите? Чо­век ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се облекуваат прекрасно и живеат раскошно, по царски палати се. 26#Мт 14,5Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, Јас ви велам, и повеќе од пророк. 27#1,76; 2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2Овој е, за кого што е напишано: ‚Ете, јас го испраќам пред лицето Твое ангелот Мој, што ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘ 28#1,15Зашто ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во цар­ството Божјо е поголем од него.“ 29#Мт 21,32#3,7.12И сите луѓе, што слушаа, па и цариниците, го оправдаа Бога, крш­те­вајќи се со крштевањето Јо­ва­ново; 30#10,25; 11,45-46.52а фарисеите и закониците ја от­фр­лија Божјата волја за нив, и не се крстија од него. 31#Мт 11,16-19А Господ рече: „Со кого да ги спо­редам луѓето од овој род? И кому се слични? 32Тие личат на деца што седат по па­зариштата и довикуваат едно на друго, ве­леј­ќи: ‚Ви свиревме, а вие сепак не игравте; ви пеевме жални песни и сепак не плачевте!‘ 33#1,15; Јн 7,20; 10,20Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие ве­ли­те: ‚Демонот е во него.‘ 34#5,30; 15,1-2; Мт 8,20Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ‚Еве човек јадач и ви­нопиец, пријател на цариниците и грешниците!‘ 35#2,40.52; 11,31; 21,15А Мудроста беше оправдана од сите нејзини чеда.“
Исус и жената грешница
36 # 11,37; 14,1 Еден од фарисеите Го покани да ја­де со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 37#Мт 26,7И ете, една жена од градот, која бе­ше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе сад од алабастер со миро; 38#Јн 12,3па отклако застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше нозете Негови и ги помазуваше со миро. 39#7,16; 24,19; Мт 21,11; Јн 4,18-19А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“ 40Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“ 41Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му дол­жеше петстотини денарии, а другиот педесет. 42#Мт 18,27Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи, кој од нив повеќе ќе го милува?“ 43#10,28Симон одговори и Му рече: „Мис­лам оној, кому повеќе му пода­рил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“ 44#1 Мојс 18,4; 19,2; Јн 13,1-17И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа же­на? Влегов во твојот дом, ти ниту вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. 45#Рим 16,16; 1 Птр 5,14Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. 46#Пс 22,5Ти со масло не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои. 47Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љу­бов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“ 48#Мт 9,2; 26,28Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“ 49#5,21А оние што седеа со Него на тр­пе­зата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“ 50#17,19; Мт 8,10; 9,22; Мк 5,34; 10,52; 1 Сол 5,13На жената пак ѝ рече: „Верата тво­ја те спаси; оди си во мир!“

Селектирано:

Лука 7: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност