Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Послание на Еремија 1

1
1 # Ер 19,4; Варух 1,17–2,12 Препис од посланието, што Ере­мија им го испрати на оние, кои тре­ба­ше да бидат одведени во ропство во Ва­вилон, од вавилонскиот цар, за да ги из­вести што му било заповедано од Бога.
Внимавајте на идолите!
2 # Ер 25,11-12; 29,10.28; Дан 9,2 Поради гревовите, со кои згрешивте пред Бога, ќе бидете одведени во роп­ство во Вавилон од вавилонскиот цар На­вуходоносор. 3#1,25.38; Ис 45,20; 46,7; Ер 10,3-5; Мудр 13,10Кога ќе стигнете во Вавилон, таму ќе останете многу години, долго време – дури до седум поколенија, а потоа Јас ќе ве изведам оттаму со мир. 4#1,14.22.28; 1,64.68; Ер 10,5Допрва ќе видите во Вавилон богови сребрени, златни и дрвени, кои се носат на рамењата и кои им задаваат страв на незнабошците. 5#Ер 10,7; 2 Мак 2,2Внимавајте, и вие да не станете како туѓите народи, па стравот пред тие бо­гови да ве опфати и вас. Кога ќе видите народот да се поклонува пред нив и зад нив, кажете си во својот ум: „Тебе, Господи, треба да Ти се поклонуваме!“ 6#2 Мојс 23,20; 32,34; Дан 10,13.21; 12,1Зашто Мојот Ангел е со вас; тој е заштитник на вашите души.
Идоли на лажни богови
7 # Ис 40,19-20; 41,7; 46,6; Ер 10,4.5.9.14; Пс 114,5; 135,16 Јазикот на тие богови е изделкан од уметник, тие се опковани со злато и сребро; но тие се лажни и не можат да говорат. 8И како за девојка, која сака украси, незнабошците земаат злато и сребро и прават круни за главите на своите бо­го­ви. 9#1,27.32А се случува и тоа – жреците да го крадат златото и среброто од своите бо­гови и да го употребуваат за себеси; од него даваат дури и на блудниците под нивниот покрив; 10#Ер 10,9ги украсуваат тие златни, сребрени и дрвени богови како луѓе, со облека. 11#1,23Но, тие не можат да се одбранат од 'рѓа и молец, макар и во пурпур да се облечени. Во храмовите им го бришат лицето од правот што паѓа врз нив. 12Еден од нив држи и жезол како чо­век, како обласен судија, но тој не може да го убие оној кого го навредува. 13#1,17.49.57Друг во десната рака има меч и се­кира, но не може да се одбрани од вој­ници и разбојници. 14#1,22.28.39.49; 1,51.56.64.71По тоа се познава дека не се богови; затоа не плашете се од нив. 15#1,58; Ер 22,28Зашто, како што скршениот сад станува неупотреблив за човекот, така е и со нивните богови, кога ги ставаат во храмовите; 16#1,11очите им се полни со прашина, што се крева од нозете на оние што влегува­ат. 17И како што се затвораат вратите од живеалиштето на оној, кој згрешил против царот, кога го водат на смрт, така и нивните идолски светилишта ги пазат жреците со врати, брави и резиња, за да не ги украдат разбојници. 18Жреците нивни свеќници им палат, повеќе отколку за себеси, а тие ниеден од нив не можат да видат. 19Тие се како греда в куќи: срцата нивни одвнатре, велат, црвја им ги ја­дат, и нив и нивната облека ги изедува­ат, а тие ништо не чувствуваат. 20Лицата им се црни од чадот во хра­мовите. 21На нивното тело и на главата долетуваат лилјаци, ластовици и други пти­ци, а по нив и мачки газат. 22По тоа ќе познаете дека тие не се богови; затоа и не плашете се од нив. 23#1,11; Ер 10,4Ако некој не ја очисти нечистотијата од златото со кое се опковани за украс, тие нема да светат; а кога ги ли­еле, тие тоа не го чувствувале. 24#Ер 51,17; Пс 134,17За висока цена се купени, а во нив дух нема. 25#1,3; Ис 41,24.29; Ер 10,14-15Бидејќи се без нозе, на рамења ги носат, со што ја покажуваат својата ништожност пред луѓето; ги срамат и оние, кои им служат; 26#Мудр 13,16; Сир 30,18-19ако паднат на земја, самите не мо­жат да станат, и ако некој ги исправи, не можат да се движат и, ако некој ги наведне – не можат да се исправат; па и дарови – како на мртовци им принесуваат. 27#1,9.32; 3 Мојс 12,4; 15,19; 5 Мојс 14,28-29Жреците ги продаваат нивните жртви и злоупотреби прават со нив; а и жените нивни присвојуваат дел од нив, но ништо не одделуваат, ни за болен, ни за сиромав. 28До жртвите им се допираат нечисти жени и родилки. И така, по ова раз­бе­рете дека тие не се богови; не плашете се од нив.
По грешка ги нарекуваат богови
29Та, како богови да ги наречеме? – на тие сребрени, златни и дрвени богови – жени жртви им принесуваат. 30#Ис 15,2; Ер 48,37; Ез 7,18; 24,17.23; 27,31Во нивните идолски храмови жре­ците седат во искината облека, со из­бричени глави и бради и со непокриени глави. 31#3 Цар 18,26Тие пискаат и извикуваат пред сво­ите богови, како некои на помен за ум­рени. 32#1,9.27Некои од нивните облеки жреците ги земаат, со нив жените и децата свои ги облекуваат. 33#Ер 10,5Ако некој им направи добро или зло, тие не можат да возвратат; не мо­жат да постават цар, ниту можат да го сменат. 34#Мудр 13,17-19; 14,29Не можат да дадат ни богатство, ни ситна бакарна пара; ако некој им вети завет, а не им го даде, – тие не можат да го присилат тоа да го даде. 35#5 Мојс 32,39; 1 Цар 2,6-8; Мудр 16,13Не можат човек од смрт да спасат, ниту можат послаб од посилен да ослободат; 36#2 Мојс 22,21; 5 Мојс 10,18; 14,29; Ис 29,18; 35,5; 42,7; Ер 14,8; Пс 9,8-9.38; 36,39-40; 67,6; 145,7-9на слеп вид нема да му вратат, на човек во неволја не можат да му помогнат; 37кон вдовица сочувство нема да по­кажат, на сирак добро не ќе му направат. 38#Пс 96,7Тие дрвени и опковани со злато и со сребро богови се како горски камења, и ќе се посрамат оние кои им служат. 39Па како може да се помисли или да се рече дека се тие богови? 40А и самите Халдејци не ги почитуваат; кога ќе видат нем, кој не може да говори, тие го водат кај Ваал и му се молат тој да проговори, како Ваал да може да чувствува. 41#Ис 44,9.18-20А и кога ќе го забележат тоа, не можат да ги остават, зашто се безумни. 42Жените седат по улиците, пре­па­ша­ни со јажиња од трска, и палат кадило со лушпи од маслинки. 43#Ос 4,13И кога некоја од нив, привлечена од некој минувач, ќе преспие со него, таа ѝ се потсмева на својата другарка, што не се удостоила со истото како таа, и што и нејзината преврска не ѝ е скината. 44Сѐ што се прави кај тие богови – сѐ е лага. Па како може да се мисли и да се говори дека се тие богови? 45#Ис 40,19-20; 44,16-19; Ер 10,9; Мудр 15,7-8Направени се од вајари и од зла­тари; тие не се ништо друго, освен она што сакале уметниците да го направат. 46Па и оние, кои ги прават, и тие не се долговечни. 47#Мудр 13,10; Ер 48,13Та како може творбите нивни да би­дат богови? Тие им оставаат зад себе лага и срам на своите потомци. 48Ако се случи војна или некоја не­волја, жреците меѓу себе се советуваат каде да се кријат заедно со нив. 49Па како тогаш да не се разбере дека не се богови кога и самите не можат да се спасуваат ни од војна ни од неволја? 50Бидејќи се дрвени, обложени со зла­то и сребро, може јасно да се види дека се лага; на сите народи и цареви ќе им стане јасно дека тие не се богови, туку дело на човечки раце и дека во нив нема никакво Божјо дејство. 51Та кој по сево ова нема да разбере дека тие не се богови? 52#1,33; 5 Мојс 11,14; 28,12; Ер 14,22; Пс 103,13; 147,8Не можат да постават цар во некоја земја, ниту можат на луѓето дожд да им дадат; 53не можат да размислуваат, ниту мо­жат навреден да заштитат – затоа што и самите се немоќни, 54како чавки што се наоѓаат меѓу не­бото и земјата. Зашто и кога би се за­па­лил храмот на боговите, кои се дрвени или опковани со злато и сребро, тогаш нивните жреци бегаат и се спасуваат, а тие таму ќе изгорат како греди. 55Тие не можат да му се спротивстават ни на цар, ниту на непријатели. То­гаш како може да се помисли и да се поверува дека се богови?
Од лажните богови нема никаква полза
56Тие богови дрвени, опковани со сребро и злато, не можат да се одбранат ни од крадци, ниту од разбојници; 57#1,17бидејќи се посилни од нив, тие им го земаат златото, среброто и облеката, што се на нив, и си одат со она што го ограбиле, а тие не можат сами да се од­бранат. 58#1,15Затоа е подобро да се биде цар, кој ја докажува својата храброст или во ку­ќа некаков полезен сад, со кој сопстве­никот се служи, отколку што се лаж­ни­те богови; подобра е вратата на куќата, која го пази она што е во неа, отколку што се лажните богови; подобар е и др­вениот столб во царската палата од овие лажни богови. 59#1 Мојс 1,14-18; Варух 3,34-35Сонцето, месечината и ѕвездите, би­дејќи светат, испратени за потреба – секогаш се послушни. 60И секавицата секогаш, кога се јавува, е пријатна за гледање; па така и вет­рот – по сета земја кога дува. 61#Ер 10,13; Пс 134,7; Јов 37,11-12И облаците, кога Бог им заповеда да поминат низ целата земја, ја из­вр­шу­ваат Неговата заповед. И огнот, кој одозгора се праќа – да уништи гори и шуми, го извршува она што му е за­по­ведано; 62а тие не им се слични ни по сила, ни по убавина. 63Па како може да се помисли и да се рече дека се тие богови, кога немаат си­ла ни суд да судат, ниту можат на лу­ѓе­то некое добро да им направат? 64И така, кога знаете дека не се бо­го­ви, не плашете се од нив. 65Тие не можат да ги проколнуваат царевите, ниту можат да ги благословуваат; 66знаци нема да покажат ни на не­бото, ниту пред народите; не греат како сонцето, ниту светат како месечината. 67Ѕверовите се подобри од нив; тие можат да избегаат во своето засолниш­те и да се спасат. 68И така, од ништо не можеме да ви­диме дека се тие богови; затоа не пла­шете се од нив. 69#Ер 10,5; Ис 1,8Како што плашилото в градина од ништо не се пази, такви се и нивните опковани со злато и сребро богови. 70Тие се како трнлива грмушка в гра­дина, врз која слетуваат секакви птици, и како труп, фрлен во темнина, такви се нивните богови, дрвени, позлатени и по­сребрени. 71#Ис 42,17; 44,9-11По пурпурната и скерлетна облека, што на нив гние, можете да разберете дека не се богови, та најпосле и тие са­мите ќе бидат изедени и ќе бидат за срам на земјата. 72#Ер 23,40; 24,9И така, подобар е праведен човек, кој нема идоли; тој е далеку од ваков срам.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се