Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Варух Вовед

Вовед
Книгата Варух се смета за дело на соработникот на пророкот Еремија кој го носи истото име (почеток на 6 в. пр. Христос), меѓутоа, конечната редакција на книгата е извршена не порано од 2 в. пр. Христос. Нејзината атрибуција како дело на Варух е литературна постапка, која често се појавува во таа епоха.
Делото е составено од четири одделни тематски целини кои, по сѐ изгледа, не се пишувани од ист писател:
Јудеите од Вавилон им се обраќаат на Јудеите во Ерусалим.
Вовед, во кој се прецизира под какви услови оваа книга, испратена до прогонетите Јудејци во Вавилон, требало да се прочита во Ерусалим за време на една церемонија за исповедување на гревовите (1,1-14).
Самиот текст на оваа исповед на гревовите (1,15–2,10), инспирирана од оној во Дан. 9; потоа следува една молба, искитена со бројни библиски цитати.
Размислување во врска со мудроста (3,9–4,4).
На крајот е поместен охрабрувачки говор упатен кон Ерусалим (4,5–5,9).

Селектирано:

Варух Вовед: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност