Јуда 1
MK2006D

Јуда 1

1
Поздрав
1 # Дела 12,17; Јк 1,1 Јуда, слуга на Исус Христос, а брат на Јаков – до повиканите, возљубени во Бог Отецот и зачувани за Исус Хрис­тос. 2#2 Птр 1,2Милост, мир и љубов да ви се мно­жат!
Лажни учења
(2 Птр 2,1-17)
3 # Дела 9,13; Гал 2,4; 1 Птр 2,11; 2 Птр 2,21 Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за нашето општо спасение, сметав дека е неопходно да ви на­пишам и да ве замолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш, 4#Гал 5,13; 1 Птр 2,16; 2 Птр 2,1; 1 Јн 4,1; 2 Јн 1,10зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбож­ни­ци, што ја превртуваат благодатта Бож­ја во нечистотија и се одрекуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос. 5#4 Мојс 14,35; 1 Кор 10,5; 2 Птр 1,12Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од египетската земја, ги погуби потоа оние што не веруваа; 6#1 Мојс 6,1-2; 2 Птр 2,4ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден. 7#1 Мојс 19; Мт 10,15; 2 Птр 2,6-9Како што Содом и Гомора и околните градови, што блудствуваа, а на ист начин како и тие, одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган. 8#2 Птр 2,10Истото ќе се случи и со оние кои го осквернуваат телото, ја презираат власта и хулат на Славата. 9#Зах 3,2; Дан 10,13.21; 12,1; Откр 12,7А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!“ 10#2 Птр 2,12А овие хулат на она што не го зна­ат, а во она што го знаат по природа ка­ко неразумно животно, во тоа се рас­па­ѓаат. 11#1 Мојс 4,8; 4 Мојс 22,2; 31,16; Неем 13,2; 2 Птр 2,15; 1 Јн 3,12; Откр 2,14Тешко ним, зашто тргнаа по Ка­ино­виот пат, се фрлија во заблудата на Ва­лаам заради печалба и загинаа во бунтот Кореев. 12#Ис 34,8; Изреки 25,14; 2 Птр 2,13.17Тоа се оние што ги поганат вашите трпези на љубовта, јадејќи со вас без страв и напасувајќи се. Тие се безводни облаци што ветровите ги пренесуваат, есенски неродни дрвја, двапати исушени и искорнати; 13#Ис 57,20; 2 Птр 2,17свирепи морски бранови, што како пена ги испуштаат своите срамни дела; ѕвезди лажни, за кои се чува мракот на темнината засекогаш. 14#Зах 14,5; Дан 7,10А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адам, зборувајќи: „Ете, доаѓа Господ со илјадници Свои свети ангели, 15за да изврши суд над сите и за да ги разобличи сите безбожници за сите нив­ни нечисти дела, што ги беа направиле со своето беззаконие, и за сите лоши зборови, што ги изрекле за Него без­божните грешници.“ 16#3 Мојс 19,15; Дан 7,8.20; 2 Птр 2,18Тие се незадоволни викачи, кои живеат според своите желби, а устата нивна произнесува горди зборови, и за корист стануваат умилкувачи.
Обраќање и препораки
17 # 2 Птр 3,2 Но вие, возљубени, спомнете си ги зборовите што ги кажаа апостолите на нашиот Господ Исус Христос; 18#1 Тим 4,1; 2 Птр 3,3тие ви зборуваа дека во последно време ќе се појават подигрувачи, кои ќе постапуваат според своите без­бож­нич­ки желби. 19#1 Кор 2,14Тоа се луѓе што се одделуваат од единството на верата; тие се телесни – и немаат Дух. 20#1 Кор 3,9-17; 14,15-16; Ефес 2,20-22; 6,18; Кол 2,7А вие, возљубени, изградувајќи се во пресветата ваша вера и молејќи се преку Светиот Дух, 21#2 Кор 13,13; 2 Тим 1,18запазете се во љубовта Божја, очекувајќи милост од нашиот Господ Исус Христос, за вечен живот. 22#Јк 5,19И така разликувајќи ги, едни милувајте, 23#Амос 4,11; Зах 3,1а други со страв спасувајте, ис­трг­нувајќи ги од оган и изобличувајќи ги со страв, и гнасејќи се од облеката, ис­по­га­нета од телото.
Завршен збор
24 # Фил 1,10; 1 Сол 5,23; 2 Птр 3,14 А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост – 25#Рим 16,24; Откр 5,13на Единиот премудар Бог, нашиот Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, слава и величие, сила и власт преку сите векови, сега и во сите времиња. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)