Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 1

1
Поздрав
1 # 2,14; Дела 14,23; 15,22; Рим 1,7; 1 Кор 1,2 Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Оте­цот наш и во Господ Исус Христос, бла­годат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос!
Животот и верата на Солуњаните
2 # Рим 1,9; Кол 1,3 Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во мо­лит­вите наши, непрестано, 3#Рим 8,25; 1 Кор 13,13; Откр 2,2го споменуваме делото на вашата ве­ра, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш. 4#Ис 65,9.22; Лк 18,7; Рим 1,7; 2 Сол 2,13; 1 Птр 1,2Знаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани, 5#Дела 1,8; Рим 1,16; 15,19зашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: са­ми знаете какви бевме меѓу вас заради вас. 6#Мт 10,18; Мк 13,9; Лк 8,13; 21,12-13; Јн 15,20; Фил 1,14; 3,17И вие се угледавте на нас и на Гос­под, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух, 7#Рим 15,26; 1 Птр 5,3така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја. 8#Рим 1,8; 2 Сол 3,1Зашто од вас одекна словото Гос­по­дово не само во Македонија и Ахаја, ту­ку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме. 9#Ер 10,10; Дела 14,15Впрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистин­ски Бог, 10#Мт 3,7; Рим 5,9; 1 Кор 1,7; Тит 2,13и да Го очекувате од небесата Него­виот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гне­вот што доаѓа.

Селектирано:

1 Солуњаните 1: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност