1 Солуњаните Вовед
MK2006D

1 Солуњаните Вовед

Вовед
Во текот на второто мисионерско патување, по заминувањето од Филипи, апостол Павле пристигнува во Солун, главниот град на римската провинција Македонија, на североисток од Грција. Тој таму оснивал заедница, но неговиот престој траел неочекувано кратко поради спротивставувањата на дел од јудејската колонија. Принуден бргу да го напушти Солун, се вратил дури во Верија (Дела 17,1-10). Нешто подоцна кога престојувал во Коринт, неговиот помошник Тимотеј му се придружува и му дава извештај за состојбата во Солун. Така Павле го напишал првото од двете Посланија до Солуњаните, несомнено од Коринт. Експертите главно се согласуваат дека ова Послание е најстарото во Новиот завет и го датираат во периодот околу 50-тата година по Хр.
Новите приврзаници од Солун го радуваат апостолот. Тој Му благодари на Бога за примерот што Солуњаните им го даваат на другите заедници во таа област. Постојано потсетувајќи се на делото што тој самиот го извршил меѓу нив, кажува дека би сакал да ги види (1,1–3,13). Тој уште и ги поттикнува не само да останат, туку и понатаму да напредуваат во христијанскиот живот (4,1-12). Меѓу другото, дава одговор и на прашањата што тие си ги поставуваат во врска со воскреснувањето на мртвите и за славното Христово доаѓање (4,13–5,11). Тој го завршува своето послание со препораки и поздрави (5,12-28).
Ова писмо е за поука на сите што ги вознемирува можноста за крајот на времињата. Тоа ги потсетува верниците дека најзначајно за нив е да бидат посведочени дека му припаѓаат на светот на светлината. Господ дал ветување дека ќе дојде, без оглед на датумот и тогаш тие ќе бидат „засекогаш со Господ“ (4,17).

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006


Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)