Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 5:5-11

1 Петар 5:5-11 MK2006D

Исто така и вие, помладите, покору­вај­те им се на презвитерите; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на пониз­ните им дава благодат.“ Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас. Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта; спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот. А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. Нему слава и власт во веки веков. Амин!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со 1 Петар 5:5-11

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност