Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 5:5-11

1 Петар 5:5-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас. Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта; спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот. А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи. Нему слава и власт во веки веков. Амин!

1 Петар 5:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Вие што сте помлади, слушајте ги старешините. Всушност, сите треба понизно да си помагате еден на друг, зашто: „Бог на горделивите им се противставува, а спрема понизните е благонаклонет.“ Бидете понизни пред Божјата моќна рака, за Бог да ве воздигне кога за тоа ќе дојде време. Се што ве вознемирува препуштете Му го Нему. Тој се грижи за вас. Бидете трезвени и постојано на штрек! Внимавајте! Вашиот непријател, Ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување. Спротивете му се, без да се колебате во верата. Вие знаете дека христијаните во целиот свет минуваат низ истите страдања! Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи. Тој владее над се, сега и за вечни времиња. Амин.

1 Петар 5:5-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Така и вие помладите покорувајте им се на старешините. А сите еден кон друг препашете се со смиреност, зашто „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“ И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас. Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. Спротивете му се, цврсти во верата, знаејќи дека истите страдања се довршуваат во вашите браќа по светот. А Бог на секоја благодат, Кој ве повикал во Христа Исуса за Својата вечна слава, по вашето кратко страдање, Сам ќе ве усоврши, зацврсти, зајакне и ќе ве направи непоколебливи. Нему слава и власт во векови на вековите. Амин!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност