Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 3:1-7

1 Петар 3:1-7 MK2006D

А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако не­кои од нив не му се покоруваат на сло­вото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор, кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот. Вашата убавина да биде не надво­решна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки, туку – внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога. Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои, како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо. Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувај­те ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молит­ви­те ваши.