Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 3:1-7

1 Петар 3:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови. Ќе ги придобиете преку вашето непорочно и побожно поведение. Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки. Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог. Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи. Така Сара му се покоруваше на Авраам, нарекувајќи го свој господар. Вие сте сега нејзини ќерки, и ако го правите тоа што е правилно, од ништо не треба да се плашите. Вие, мажите, треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.

1 Петар 3:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако не­кои од нив не му се покоруваат на сло­вото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор, кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот. Вашата убавина да биде не надво­решна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки, туку – внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога. Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои, како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо. Така и вие, мажите, живејте со сво­ите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како со­наследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.

1 Петар 3:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та ако некои не му се покоруваат на словото, да бидат придобиени без слово, со однесувањето на своите жени, кога ќе го видат вашето поведение во страв и чистота. Вашиот украс да не биде надворешен: во плетење на косата, во ставање на злато или во облекување на разни облеки - туку: сокриениот човек на срцето во непропадливиот украс на кроткиот и мирен дух, што е од голема вредност пред Бога. Зашто така некогаш се украсуваа светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на своите мажи, како што Сара му беше послушна на Авраама и го наречуваше господар; вие сте нејзини ќерки, кога правите добро, не плашејќи се од никакво заплашување. Така и вие, мажите, живејте благоразумно со жените како со послаб сад, искажувајќи им почитување како на сонаследнички на благодатта на животот, за да бидат вашите молитви без пречка.