Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Макавејска 14

14
Смртта на Димитриј
1Во сто седумдесет и втората годи­на царот Димитриј собра војска во Мидија да добие помош против Трифон. 2Но Арсак, персискиот и мидискиот цар, кога слушна дека Димитриј дошол во неговата земја, испрати еден од сво­ите воени началници да го фати жив. 3Тој отиде, ја разби војската на Ди­митриј, го фати жив и го доведе кај Арсак, кој го затвори во темница. 4Имаше мир во јудејската земја во си­те денови на Симон; тој се грижеше за доброто на својот народ и сите беа задоволни од неговото владеење и од неговата слава за време на целиот негов живот. 5#12,33-34Покрај сета своја слава, тој успеа да ја превземе и Јопија за пристаниште и отвори излез кон морските острови; 6#2 Мојс 34,24; Ис 54,2ги рашири границите на својот народ и ја задржа земјата во свои раце. 7#11,65-66; 13,43-52Тој собра многу заробеници и вла­де­еше над Газир, Бет-Цур и над еруса­лим­ската тврдина, ја исчисти од осквер­ну­вања и немаше кој да му се спротив­ставува. 8Јудејците спокојно ја обработуваа својата земја и земјата им ги даваше своите плодови. 9#2 Мојс 33,5; Зах 8,4Старците, наседнати по улиците, разговараа за општата благосостојба, а младите се облекуваа раскошно во вое­на облека. 10На градовите испраќаше храна и ги правеше тврдини, така што неговото славно име се изговараше до крајот на светот. 11Тој го зацврсти мирот во земјата, а Израил се радуваше со голема радост. 12#3 Цар 5,4; 4 Цар 18,31; Мих 4,4; Зах 3,10Секој седеше под својата лоза и под својата смоква, и никој не беше вознемируван. 13Исчезнаа сите што војуваа против нив; во тие дни царевите се смирија. 14#Соф 3,12; Пс 17,27Тој ги помагаше сите сиромаси во својот народ, бараше да се извршува За­конот и ги истребуваше сите безбож­ни­ци и зломисленици. 15Го украси светилиштето и ги умно­жи светите садови.
Писмо од Симон
16Кога слушнаа во Рим и во Спарта дека умрел Јонатан, настана голема жа­лост, 17но кога разбраа и тоа дека брат му Симон станал место него прво­свеш­те­ник и дека владее над земјата и над гра­довите во неа, 18#8,17-32; 12,3му напишаа на бакарни плочи да го обноват и со него пријателството и со­јузништвото што го имаа со неговите браќа Јуда и Јонатан. 19Тие беа прочитани во Ерусалим пред собранието. 20Еве го преписот од писмото, ис­пра­тено од спартанците: „Спартан­ските управители и градот до прво­свеш­те­ни­кот Симон, до старешините, свеш­те­ни­ци­те и до сиот јудејски народ, нашите браќа – поздрав. 21Пратениците од вашиот народ ни раскажаа за вашата слава и чест; се зарадувавме кога тие пристигнаа, 22#12,16а она што ни го рекоа во народниот совет вака го запишавме: ‚Нуминиј, си­нот на Антиох, и Антипатер, синот на Јасон, јудејски пратеници, дојдоа кај нас за да го обноват пријателството со нас; 23на народот му беше мило тие мажи да ги прими со чест и нивните зборови да ги запише во отворените народни книги за спомен на спартанскиот народ, а препис од тоа направивме за прво­свештеникот Симон.‘“ 24#14,18; 15,15Потоа Симон го испрати Нуминиј во Рим со голем златен штит, тежок ил­јада мини за да склопи сојуз со Римја­ни­те.
Благодарност кон Симон
25Кога народот слушна за ова, рече: „Како да им благодариме на Симон и на неговите синови? 26#14,48Зашто се покажа цврст, како и бра­ќата негови и домот на татко му; ги од­бија народните непријатели и му дадоа слобода на народот.“ 27Ова го запишаа на бакарни плочи, кои ги ставија на столбови во гората Сион. Еве го преписот од она што е напишано: „Во осумнаесеттиот ден од ме­сецот елул, во сто седумдесет и вто­рата година, – трета година од службата на првосвештеникот Симон – 28во Асарамел, во големото собрание на свештениците, на народот и на на­род­ните кнезови на нашата земја, ни беше објавено: 29бидејќи многупати избувнуваа војни во оваа земја, Симон, синот на Мата­ти­ја, син од синовите на Јоарив, и браќата негови, изложувајќи се на опасности, им се противставуваа на непријателите на својот народ за да го запазат неговото светилиште и неговиот Закон, со го­лема слава го прославија својот народ. 30Јонатан го собра својот народ и ста­на негов првосвештеник, а кога се прибра кај своите предци, 31непријателите намислија да на­влезат во нивната земја за да ја опусто­шат и да стават рака на нивното свети­лиште. 32Тогаш се издигна Симон и војуваше за својот народ; потроши многу свои па­ри за да ги снабди храбрите мажи на својот народ со оружје и плата им дава­ше. 33#4,29; 11,65-66; 13,33Тој ги утврди јудејските градови и Бет-Цур, кој е на границата од Јудеја, каде што пред тоа се наоѓаше оружјето на непријателите, и постави таму јудеј­ска стража; 34#4,15; 12,33; 13,11.43-48ги утврди и Јопија и Газир, која се наоѓа во пределите на Азот, во која пред тоа живееја непријателите; таму насели Јудејци и ги снабди со сѐ што им беше потребно за нивното издигнување. 35Народот ги виде делата на Симон и славата што сакаше да ја придобие за својот народ, па го постави за свој водач и првосвештеник, затоа што го направи сето тоа и за неговата справедливост и верност, што ја имаше спрема народот, грижејќи се на секаков начин да го из­дигне својот народ. 36#1,33; 7,22; 13,32; 15,29.35Во време на своето владеење тој ус­пеа да ги изгони незнабошците од земјата и оние што го држеа Давид­ов­иот град во Ерусалим, кои излегуваа од таа тврдина што ја изградија и осквернуваа сѐ околу светилиштето и големи штети ѝ нанесуваа на светињата. 37Тој во неа насели Јудејци, ја утврди за сигурност на земјата и ги изгради ерусалимските одбрамбени ѕидови. 38Затоа и царот Димитриј го потврди неговото првосвештенство, 39#2,18го присоедини кон своите пријатели и го почести со голема слава. 40#12,21Бидејќи царот беше слушнал дека Римјаните ги нарекуваат Евреите свои пријатели, сојузници и браќа и дека со почести ги примале Симоновите прате­ници; 41#4,46; Јн 1,21.25; 6,14-15; 7,40дека Јудејците и свештениците се согласиле Симон засекогаш да им биде водач и првосвештеник – додека не се издигне веродостоен пророк, 42да им стане војсководец и да се гри­жи за светињите, да ги поставува на ра­бота во храмот, во областите, над оруж­јето и над тврдините; 43#1,46да се грижи за светилиштето и сите да му се покоруваат; сите договори на земјата да се пишуваат од негово име; да се облекува во порфира и да носи златни украси. 44#10,20.89На никого од народот и од свештениците да не му биде дозволено да измени нешто од ова или да противречи на неговите зборови, или, пак, без него да се свикува собрание во земјата, да се облекува во порфира и да носи златна тока. 45Кој ќе направи нешто против ова или нешто ќе спречи, ќе биде виновен.“ 46Сиот народ се согласи да му бид послушен на Симон и да постапува според неговите зборови. 47Симон прифати и се согласи да им биде првосвештеник, војсководец и водач на Јудејците и на свештениците; да владее со сите. 48Тогаш решија да ги напишат овие зборови на бакарни плочки и да ги стават на видно место на оградата од храмот; 49а препис од нив да се пази во ризницата за да го имаат Симон и неговите синови.

Селектирано:

1 Макавејска 14: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се