Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Макавејска 13

13
Симон го презема водството
1Симон дозна дека Трифон собрал голема војска за да појде во јудејската земја и да ја уништи; 2откако виде дека народот е уплашен, тој влезе во Ерусалим и го собра народот. 3Тој ги храбреше луѓето и им велеше: „Вие самите знаете колку јас, моите браќа и домот на мојот татко направив­ме за овие закони и светињи, знаете за војните и за неволјите што ги претрпев­ме. 4#9,18.36-42; 12,50; 3 Цар 19,10.14Затоа за Израил изгинаа сите мои браќа, а јас останав сам. 5#3 Цар 19,4И сега, да не даде Бог, да почнам да си го жалам мојот живот во времето на ова угнетување, зашто јас не сум подобар од моите браќа. 6И јас ќе се одмаздувам за мојот на­род и за светилиштето, за нашите жени и деца, зашто сите народи се соединија од омраза против нас за да нѐ уништат.“ 7#1 Мојс 45,27Се разгори духот на народот кога ги слушна тие зборови, 8па му одговорија со висок глас и му рекоа: „Ти си наш водач, место Јуда и Јонатан, твоите браќа; 9води ја нашата војска, и сѐ што ќе ни кажеш – ќе извршуваме.“ 10Тогаш тој ги собра сите мажи способни за борба, побрза да ги заврши ерусалимските ѕидови и од сите страни добро го зацврсти градот. 11Потоа го испрати во Јопија Јонатан, синот на Авшалом, и со него многу вој­ска; тој ги изгони оние што беа во неа и остана таму.
Симон ги открива намерите на Трифон
12Меѓутоа, Трифон се дигна од Пто­лемаида со многубројна војска за да влезе во јудејската земја: со него беше и Јонатан под стража. 13#12,38Симон постави логор кај Адида спроти рамнината. 14#2,1Кога Трифон дозна дека Симон го зазел местото на својот брат Јонатан и дека има намера да војува со него, ис­прати кај него пратеници да му кажат: 15„Ние го задржавме брат ти Јонатан за среброто што ѝ го должеше на цар­ската ризница, поради потребите што ги имаше. 16Затоа, испрати сто сребрени таланти, испрати ги и двајцата негови синови за заложници за да не се одметне од нас кога ќе го пуштиме на слобода.“ 17Симон знаеше дека гласниците го мамат, но сепак ги испрати и среброто и децата за да не си навлече голема ом­раза од народот, 18кој би рекол дека Јонатан не е ослободен затоа што не го испратил среброто. 19И така, тој ги испрати и децата и среброто, но Трифон го измами и не го ослободи Јонатан. 20#2 Лет 11,9Потоа Трифон појде за да навлезе во земјата и да ја опустоши, но отиде по заобиколен пат кон Адора. А Симон и неговата војска одеа по него насекаде каде што одеше. 21#12,36Оние, кои беа во тврдината, ис­пра­тија луѓе по Трифон за да му кажат да дојде кај нив преку пустината и да им донесе храна. 22Трифон ја подготви целата своја ко­њица за да појде таа ноќ, но имаше го­лем снег, и не тргна поради снегот, туку стана и отиде во Гилад. 23Кога се приближи до Васкама, го уби Јонатан, кој беше погребан таму. 24Потоа Трифон се врати и отиде во својата земја. 25#2,1.70; 9,19Симон испрати луѓе и ги зеде кос­ките на својот брат Јонатан и ги по­гре­ба во Модин, градот на неговите предци. 26Сиот Израил жалеше и плачеше по него многу дни. 27Симон изгради споменик на својот татко и на браќата свои од делкан ка­мен, однапред и одназад, го издигна ви­соко за да се гледа оддалеку; 28таму стави седум пирамиди, една спроти друга: на татко си, на мајка си и на четворицата браќа; 29им направи убави украси, стави на­околу високи столбови, а на столбовите, за вечен спомен, ја постави и бојната опрема, а до нив – извајани кораби, така што сите што пловеа по морето да ги видат. 30Тој гроб, што го направи Симон во Модин стои и денес.
Димитриј објавува повелба за Јудејците
31 # 12,39 А Трифон го поведе на пат младиот цар Антиох и го уби. 32#7,22Потоа се зацари и се круниса за Азија, и направи големо зло на земјата. 33#14,33-34Симон градеше тврдини во Јудеја, ги укрепуваше со високи кули и со го­леми ѕидови, со врати и затворачи, а тврдините ги полнеше со храна. 34Потоа избра луѓе и ги прати кај ца­рот Димитриј да го молат да им ги олес­ни давачките, зашто Трифон знаеше са­мо да ограбува. 35Царот Димитриј му прати одговор на тие зборови и му го напиша ова пис­мо: 36„Царот Димитриј до Симон, прво­свештеникот и пријателот на царевите и до старешините на јудејскиот народ – поздрав. 37#10,29Ја примивме златната круна и пал­мо­вото гранче, што ни ги пративте и ние спремни сме со вас да склучиме це­лосен мир и да им напишеме на даноч­ниците да ви ги простат долговите. 38#11,34-35; 12,34-38И сѐ она што сме се договориле со вас да остане во сила; и тврдините што ги изградивте нека ви припаѓаат вам. 39#10,29Ви ги простуваме и вашите необмислени грешки до денес и данокот за круната, што требаше да го плаќате; ако и нешто друго било земено во Ерусалим, веќе да не се зема. 40И, ако меѓу вас се наоѓаат способни мажи за да бидат запишани во бројот на оние што ѝ припаѓаат на мојата телесна стража, нека се запишуваат. Нека вла­дее мир меѓу вас.“ 41#8,18Во сто и седумдесеттата година е симнат јаремот од Израил што му го наметнуваа незнабошците; 42и израилскиот народ во преписката и одговорите почна да пишува: „Во првата година на Симон, големиот првосвештеник, водач и управител на Ју­дејците.“
Напад врз Газир и градската тврдина
43 # 4,15; 14,7.34; 15,28.35 Во тоа време Симон ја нападна Га­зир, ја заобиколи со војска, направи оп­садна кула, ја привлече до градот, разби една од кулите и ја освои; 44оние, пак, што беа на кулата, скокнаа во градот и во градот настана голема паника. 45Тогаш се искачија граѓаните со же­ните и децата, си ја кинеа облеката, ви­каа со силен глас и го молеа Симон да ги поштеди, 46велејќи: „Не постапувај со нас спо­ред нашите лоши работи, туку спо­ред твојата милост.“ 47Се смилува Симон на нив и не војуваше со нив; само ги изгони од градот и ги исчисти домовите, во кои имаше идо­ли; така влезе во градот со песни и сла­вословија. 48Потоа исфрли од градот сѐ што беше нечисто, и насели мажи што го пазат законот, го утврди и во него на­прави живеалиште и за себе. 49#12,36На оние што беа во ерусалимската тврдина, не им даваа ни да излегуваат ниту да влегуваат, ни да купуваат ниту да продаваат; тие трпеа голем глад и многумина од нив умреа. 50Тогаш тие извикаа кон Симон и ба­раа мир; тој им го даде, но ги изгони од тврдината, а потоа ја очисти од осквернувањата. 51#4,54; 1 Лет 15,16Во неа влезе во дваесет и третиот ден од вториот месец, во сто седумдесет и првата година, со славословија и пал­мо­ви гранчиња, со гусли, кимвали и цитри, со псалми и песни, зашто беше скршен големиот непријател на Из­раил. 52Нареди тој ден да се празнува секоја година со веселба, ја утврди храмовата гора, која се наоѓаше близу до тврдината и се насели таму тој и тие што беа со него. 53Симон виде дека неговиот син Јован стана веќе маж, па го постави за воен заповедник на сите војски, а тој се насе­ли во Газир.

Селектирано:

1 Макавејска 13: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се