И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше;
среде него светлина од злато и сребро; во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обликот свој слични на човек;
секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја;
а нозете нивни – прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како сјаен бакар; крилјата, пак, нивни беа лесни.
А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни.
Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во правец на лицето свое.