Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ппророк Језекиил 1

1
Слава Божја над херувимите.
1Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев меѓу преселените при реката Ховар, се отворија небесата – и јас видов Божји виденија.
2Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким,
3би слово Господово до свештеникот Језекиила, синот Вузиев, во земјата Халдејска при реката Ховар; и беше таму раката Господова врз него.
4И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше;
5среде него светлина од злато и сребро; во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обликот свој слични на човек;
6секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја;
7а нозете нивни – прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како сјаен бакар; крилјата, пак, нивни беа лесни.
8А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни.
9Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во правец на лицето свое.
10Обликот на лицето нивно им беше како лице човечкио и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна – лице телешко при сите четири, и лице орловско кај сите четири животни.
11И лицата нивни и крилјата нивни одозгора им без разделени, но при секое двете крилја се допираа едно до друго, а двете им ги покриваа телата нивни.
12И одеа тие, секое во правец на лицето свое; на каде што духот сакаше да оди, натаму и одеа тие; и кога одеа, не се свртуваа.
13Тие животни личеа на разгорени јаглени, на ламбади; огнот се движеше меѓу животните, и огнена светлина и светкавица излегуваше од огнот.
14Животните се движеа брзо натаму и наваму, како болскава молскавица.
15И кога ги гледав животните, ете, на земјата до тие животни имаше по едно тркало спрема четирите лица нивни.
16Тркалата и обликот нивни изгледаше нешто слично на топаз, и сите четири си личеа едно на друго; и по изгледот и по обликот тие беа како тркало во тркало.
17А кога одеа, се движеа во своите четири правци; кога се движеа не се свртуваа.
18А наплатите нивни беа високи и страшни; наплатите кај сите четири наоколу беа полни со очи.
19И кога одеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата.
20Каде што духот сакаше да оди, натаму одеа и тие; накаде што духот ќе тргнеше, и тркалата се подигнуваа подеднакво со нив, бидејќи духот на животните беше во тркалата.
21Кога одеа животните, одеа и тркалата; и кога стоеја животните, стоеја и тркалата; и кога оние се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, зашто духот на животните беше во тркалата.
22Над главите од животните имаше нешто слично на свод небески, како проѕирен кристал издигнат одозгора над нивните крилја.
23А под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни.
24А кога летаа, слушав шум од крилјата нивни, нешто како шум од многу води, како глас од Сесилниот Бог, силен шум; а кога одеа – како шум од воен логор, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои.
25И од сводот над главите нивни се слушаше шум; и кога запираа, ги спуштаа крилјата свои.
26Над сводот над главите, пак, имаше нешто слично на престол, како да беше од каменот сапфир; а на престолот – одозгора нешто слично на човек.
27И видов потоа нешто како светнато злато и сребро, а внатре во него наоколу оган – од бедрата угоре; а од бедрата удолу – видов слично на оган, околу кого имаше светлина.
28Како што изгледа виножитото во облаци, во дождовен ден, таква беше таа светлина наоколу.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност