1
РИМЈАНИТЕ 8:28
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
MKB
Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера
2
РИМЈАНИТЕ 8:38-39
Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нѐ оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.
3
РИМЈАНИТЕ 8:26
Исто така и Духот ѝ помага на нашата слабост, зашто ние не знаеме за што да се молиме, како што треба: но Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки.
4
РИМЈАНИТЕ 8:31
И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?
5
РИМЈАНИТЕ 8:1
И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот.
6
РИМЈАНИТЕ 8:6
Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир
7
РИМЈАНИТЕ 8:37
Но во сѐ ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нѐ возљуби.
8
РИМЈАНИТЕ 8:18
Зашто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам.
9
РИМЈАНИТЕ 8:35
Кој ќе нѐ одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?
10
РИМЈАНИТЕ 8:27
А Оној, Кој ги испитува срцата, знае какво е значењето на Духот, зашто по Божјата волја се моли за светите.
11
РИМЈАНИТЕ 8:14
Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови.
12
РИМЈАНИТЕ 8:5
Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот.
13
РИМЈАНИТЕ 8:32
Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сѐ друго со Него?
14
РИМЈАНИТЕ 8:16-17
Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда. Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.
15
РИМЈАНИТЕ 8:7
зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може.
16
РИМЈАНИТЕ 8:19
Зашто сето создание со нетрпелив копнеж го очекува откривањето на Божјите синови
17
РИМЈАНИТЕ 8:22
Имено, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и страда во родилни маки досега.