Псалми 28

28
ПСАЛМ 28
Славословие за Господарот на бу­рата
1 # 95,7-9 Псалм на Давид; на оддание на Сеници.
Принесете Му на Господа, о синови Божји,
принесете Му на Господа јагниња машки,
принесете Му на Господа слава и чест,
2принесете Му на Господа слава на Неговото име,
поклонете Му се на Господа во Неговиот свет двор.
3 # 17,10-15; 76,17-18; 96,2-4; 103,7; 2 Мојс 19,16; 18,17-18; Ис 30,30; Ез 10,5; Авак 3; Јов 37,2-5 Гласот Господов е над водите;
загрми Бог на славата,
Господ над многуте води.
4Гласот Господов во сила,
Гласот Господов во величественост.
5Гласот Господов крши кедри,
и Господ ќе ги скрши кедрите ливански,
6 # 113,4 и ќе ги иситни како јунецот ливански,
а возљубениот како младо од еднорози.
7 # Авак 3,11 Гласот Господов сече огнен пламен.
8Гласот Господов потресува пустина
и ќе ја затресе Господ пустината Кадис.
9Гласот Господов прави кошутите да се раѓаат
и ќе ги разоткрие шумите;
и во храмот Негов е секој што искажува слава.
10 # 1 Мојс 6–9; Ис 54,9 Господ ќе домува во потопот
и ќе седи Господ како цар довека.
11 # 27,8; 67,35; Дан 7,27 Господ ќе му даде сила на народот Свој,
Господ со мир ќе го благослови народот Свој.

Kleurmerk

Kopieer

Vergelyk

Deel

None

Wil jy jou kleurmerke oor al jou toestelle gestoor hê? Teken in of teken aan