Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Псалми 77

77
ПСАЛМ 77
Верноста Божја наспроти неблагодарноста на Неговиот непослушен народ
1 # 5 Мојс 32,1 За поучување, на Асаф.
Внимавај, народе мој, на законот мој,
приклони го увото свое кон зборовите на устата моја.
2 # 48,4; Мт 13,35 Ќе ја отворам со параболи устата моја,
ќе кажувам загатки за она што беше на почетокот.
3 # 43,1; 144,4; 2 Мојс 10,2; 12,13; Јов 8,8 Она што го чувме и дознавме,
и што татковците наши ни го кажуваа,
4 # 21,30; 147,8; 2 Мојс 10,2; 12,25-26; 12,13-14; 5 Мојс 4,9; 6,19-24 не беше скриено од децата нивни во другото поколение,
кои ја објавуваа пофалбата Господова,
силите Негови и чудесата Негови, што Тој ги направи.
5И подигна сведоштво во Јаков,
и закон постави во Израил
и им заповеда на татковците наши
тоа да го објават на синовите свои,
6за да дознае другото поколение, синовите што ќе се родат,
и тие ќе станат и ќе им раскажуваат за тоа на синовите свои,
7за да ја полагаат на Бога надежта своја
и да не ги заборават делата Божји
и заповедите Негови да ги бараат;
8 # 5 Мојс 31,27; 31,5.20 да не бидат како татковците свои,
поколение расипано и бунтовно,
поколение што не го исправи срцето свое
и не го довери на Бога духот свој.
9 # Ос 7,13-16 Синовите Ефремови затегајќи и фрлајќи стрели
отстапија во денот на војна.
10Не го сочуваа заветот Божји
и во законот Негов не сакаа да одат.
11И ги заборавија доброчинствата Негови
и чудесата Негови, што им ги покажа,
12чудесата што пред татковците нивни ги направи во земјата египетска,
на полето Танејско.
13 # 2 Мојс 14–15 Го раздвои морето и ги преведе,
ги постави водите како мешина
14 # 104,39; 2 Мојс 13,21 и дење ги водеше со облак,
а по цела ноќ со светлината на огнот.
15 # 104,41; 113,8; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21 Ја расече карпата во пустината
и ги напои како од голема бездна
16и изведе вода од каменот
и потекоа води како реки.
17 # Ез 20,13 Но тие и понатаму продолжија да Му грешат,
Го огорчија Севишниот во безводното место
18 # 94,8-9; 2 Мојс 16,2-36; 5 Мојс 6,16 и Го искушуваа Бога во срцата свои,
барајќи храна за душите свои;
19 # 22,5 и Го клеветеа Бога и рекоа:
„Зар не може Бог да спреми трпеза во пустината?
20Кога веќе удри на камен и потекоа води
и надојдоа потоци,
зар не може и леб да даде
или да подготви трпеза за народот Свој?“
21 # 4 Мојс 11; 5 Мојс 32,22 За ова слушна Господ и ги отфрли
и оган се запали во Јаков
и гнев се крена на Израилот;
22зашто не поверуваа во Бога,
ниту се надеваа на спасението Негово.
23 # 4 Цар 7,2; Мал 3,10 И им заповеда на облаците одозгора
и вратите на небото ги отвори
24 # Јн 6,31 и им даде дожд од мана за да јадат
и леб небесен им даде;
25 # 104,40; 5 Мојс 8,3; Мудр 16,20; 1 Кор 10,3 леб ангелски јадеше човекот,
храна им испрати во изобилие.
26 # 4 Мојс 11,31 Го одвеа јужниот ветер од небото
и со силата Своја го довеа југозападниот
27и меса врнеа врз нив како прав
и како песок морски – птици крилести;
28и паднаа среде таборот нивен,
околу шаторите нивни.
29 # Ос 13,6 И јадеа и се наситија многу
и според желбата нивна им даде,
30 # 4 Мојс 11,33 не беа лишени од желбите нивни.
Но уште додека храната беше во устата нивна,
31 # 4 Мојс 14,29 се крена гневот Божји на нив
и повеќето од нив ги уби
и избраниците Израилеви ги сотре.
32И при сето ова тие сѐ уште грешеа
и не поверуваа на чудесата Негови
33и исчезнаа во суета деновите нивни
и годините нивни со итање.
34 # 4 Мојс 21,7; 5 Мојс 32,15.18; Ис 26,16; Ос 5,15 Кога ги погуби, тогаш Го бараа,
и се обраќаа и уште од утрини застануваа пред Бога,
35и се сетија дека Бог е помошник нивен
и Севишниот Бог – нивен Избавител.
36И Го засакаа со устата своја,
а со јазикот свој Го лажеа,
37 # Ис 29,13; Ос 6,4; 8,1; Дела 8,21 и срцето нивно не беше искрено со Него,
ниту поверуваа на заветот Негов.
38 # 64,3; 84,3; 2 Мојс 32,14; 4 Мојс 14,20; Ис 48,9; Ез 20,22; Ос 11,8-9 Но Тој е милосрден и ќе ги очисти гревовите нивни
и нема да ги уништи,
и многукратно ќе ја одврати Својата јарост
и нема да го разгори сиот Свој гнев.
39Па си спомна дека се тело,
дух кој заминува и не се враќа.
40 # 5 Мојс 9,22 Колку ли пати Го огорчија во пустината,
Го разгневија во земјата безводна?
41 # Ис 6,3 И се вратија и Го искушуваа Бога
и Светецот Израилев Го разлутија.
42 # 2 Мојс 12,29-36; Мудр 16–18 И не се сетија на раката Негова,
на денот во кој ги искупи од раката на мачителот,
43 # 2 Мојс 7–11 како Тој ги направи знаците Свои во Египет
и чудесата Свои во полето Танејско.
44И во крв ги претвори реките и дождовите нивни,
за да не пијат.
45Испрати на нив кучешка мува и ги изеде;
и жаба и ги распадна;
46плодовите нивни ги предаде на мувла
и нивниот труд на скакулецот;
47со град го сотре лозјето нивно
и дудинките нивни со мраз,
48и го предаде на град добитокот нивен
и имотот нивен на оган.
49Го испрати на нив гневот од јароста Своја;
јарост, и гнев и жалост – послание преку ангели зли.
50Му подготви пат на гневот Свој,
и од смрт не ги поштеди душите нивни
и во погибел нивниот добиток го заклучи;
51 # 104,36; 105,22 и го погуби секое првородено во Египет,
првината од трудот нивен во шаторите Хамови.
52 # 76,20; 2 Мојс 12,41-42; 12,16-17 И го подигна како овци народот Свој,
и го поведе како стадо во пустината
53 # 2 Мојс 13,17.21; 13,19; 2 Мојс 15,10.19 и ги водеше во надеж и не се уплашија,
а непријателите нивни ги покри морето.
54И ги изведе на гората на светилиштето Свое,
оваа гора што ја стекна десницата Негова.
55 # 43,2; 104,11.44; Ис.Н. 13,6; 22,4; 23,8-13 И народи изгони од пред лицето нивно,
и им го подели наследството со ждрепка
и ги насели во населбите нивни племињата Израилеви.
56 # 5 Мојс 32,16.21; Суд 2,11-13 Но тие Го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот
и сведоштвата Негови не ги сочуваа;
57и се одвратија и отпаднаа, како и татковците нивни,
и се претворија во лак искривен;
58и Го разгневија на ридовите свои
и со идолите свои Го раздразнија.
59Слушна Бог и ги пренебрегна,
и многу го презре Израил
60 # Ис.Н. 18,1; 1 Цар 1,3; 4,2; Ер 7,12; 25,6 и ја отфрли скинијата Силомска,
живеалиштето во кое се насели меѓу луѓето.
61 # 1 Цар 4,11.22 И ја предаде во ропство силата нивна,
и убавината нивна – во рацете на непријателите,
62 # Ер 12,7 и го предаде на меч народот Свој
и наследството Свое го презре.
63 # 5 Мојс 32,22-25; Ер 7,34 Момчињата нивни ги проголта оган
и девојките нивни не се ожалостија;
64 # Јов 27,15 свештениците нивни паднаа од меч
и вдовиците нивни нема да бидат расплакани.
65И стана како од сон Господ,
како јунак опиен од вино,
66 # 1 Цар 5,6-7 и ги удри непријателите Свои одзади,
им даде прекор за навек.
67И го отфрли шаторот на Јосиф
и племето Ефремово не го избра;
68 # 46,4; 86,2; Сир 24,11 па го избра племето Јудино,
гората Сион што ја засака.
69 # 47,2; 86,2; 2 Цар 5,9 И го изгради како еднорог светилиштето Свое,
на земјата го втемели довека.
70 # 1 Цар 13,14; 15,11-13 И го избра Давид, слугата Свој,
и го зеде од овчите стада,
71 # 2 Цар 5,2; 7,7; Ис 40,11; Ез 34,13.23; 36,24; Мих 7,14 од овците што се јагнат го зеде,
за да го напасува Јакова, слугата Негов,
и Израилот, наследството Негово.
72 # 76,20 И ги напасуваше во незлобливоста на срцето свое
и со мудроста на рацете свои ги водеше.

Iliyochaguliwa sasa

Псалми 77: MAK2024PS

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia