Псалми 72
72
ТРЕТА КНИГА
ПСАЛМ 72
Вечна правда
1Псалм на Асаф.
Колку е добар Бог Израилев
за оние со чесно срце.
2А мене нозете речиси ми се поколебаа,
безмалку се лизнаа чекорите мои.
3 #
36,1; Јов 21,13-26 Зашто, гледајќи го мирот на грешниците,
им позавидов на беззакониците;
4бидејќи нема страдање при нивното умирање,
ниту решителност при нивното казнување,
5во тешкотиите човечки тие немаат удел,
ниту ќе бидат казнети со другите луѓе.
6Затоа нив ги надвладеа гордоста,
се обвија со неправдата и безбожноста своја.
7 #
16,10; 118,70; 5 Мојс 32,15; Ер 5,28; Јов 15,27 Како од лој ќе се излее неправдата нивна,
се препуштија на стремежот на срцето;
8мислеа и говореа во злоба,
неправда кон височината изрекоа;
9ја поставија на небото устата своја
и јазикот го пружаат до земјата.
10Заради тоа моите луѓе ќе се вратат овде
и денови исполнети ќе се најдат кај нив.
11 #
9,31
И рекоа: „Како дозна Бог?
Зар може да дознае Севишниот?“
12Ете, такви се грешниците и тие што напредуваат;
довека го задржаа богатството.
13 #
25,6; Мал 3,14 И реков: „Зар залудно го учев на правда срцето свое
и во невиност ги миев рацете мои,
14и бев биен по цел ден
и изобличуван бев секое утро?“
15Но ако речев: „Ќе расудувам така“ –
пред поколението на синовите Твои ќе бев престапник.
16И посакав тоа да го разберам,
но беше тешко за мене,
17 #
118,130
додека не влегов во Светилиштето Божјо
и не го разбрав нивниот крај.
18Зашто, за лукавствата нивни им подготви зла,
ги собори кога се возгордеаја.
19О, како се испустија, и тоа наеднаш!
Исчезнаа, загинаа поради беззаконието свое.
20 #
48,14
Како сон на оној што се буди, Господи,
нивниот лик во градот Твој ќе го уништиш.
21Зашто се распали срцето мое,
и утробата моја се измени,
22и јас бев понижен и не разбрав,
како скот бев пред Тебе.
23Но јас сум секогаш со Тебе,
мојата десна рака Ти цврсто ја држеше,
24 #
15,10
и во Твојот совет ме поведе
и со слава ме прими.
25Бидејќи, што имам на небото
и, освен Тебе, што посакав на земјата?
26 #
15,5
Исчезнаа срцето мое и телото мое, Боже на срцето мое,
Бог е мојот удел довека.
27Зашто, ете, оние што се оддалечуваат од Тебе, ќе загинат,
го сотре секој што отстапува од Тебе.
28А мене ми е добро да се припојувам за Бога,
да ја полагам на Господа надежта своја,
да ги објавувам сите пофалби Твои на вратите од ќерката Сионова.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 72: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024

:
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024