Псалми 44
44
ПСАЛМ 44
Во слава на Божјиот Помазаник и на Неговата невеста
1За крајот. За она што ќе биде изменето. За поука на Кореевите синови. Песна за љубениот.
2Излеа срцето мое добар збор,
Му ги кажувам на Царот моите дела,
јазикот мој е трска на писар брзописец.
3 #
Ез 28,12.17 Чудесен си во убавината повеќе од синовите човечки;
благодат се излеа од усните Твои;
затоа Бог Те благословил довека.
4Препашај го мечот Свој на бедрото Свое, о Силен,
со красотата Твоја и убавината Твоја,
5и засилувај се, и напредувај и царувај заради вистината, кроткоста и правдата;
и чудесно ќе те води десницата Твоја.
6Стрелите Твои се изострени, о Силен,
народите ќе паднат под Тебе,
стрели во срцата на царевите непријатели.
7 #
Ис 11,3-5
Престолот Твој, Боже, е во вечни векови,
скиптарот на чесноста е скиптар на царството Твое.
8 #
1 Цар 16,6-13
Ја засака правдата и го замрази беззаконието;
заради тоа Бог, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста
повеќе од Твоите придружници.
9 #
3 Цар 22,39
На смирна, и алој и касија облеките Твои мирисаат,
од дворови од слонова коска тие Те веселат.
10Ќерките на царевите се во Твојата придружба,
царицата застана десно од Тебе во позлатена одежда облечена, украсена.
11Чуј, ќерко, и види, и приклони го увото свое,
и заборави го народот свој и домот на таткото твој
12 #
Ефес 5,24
и Царот ќе ја посака убавината твоја;
бидејќи Тој е Господ твој и Нему ќе Му се поклониш.
13 #
71,10-11
И ќерката Тирска ќе дојде со дарови.
Пред лицето Твое ќе се помолат богатите од народот.
14Сета слава на Царевата ќерка е внатре;
со златни реси е облечена, украсена.
15Девојките што ја следат ќе Му бидат доведени на Царот,
нејзините другарки ќе Ти бидат донесени;
16во веселба и радост ќе бидат приведени,
ќе бидат воведени во храмот на Царот.
17На местото од татковците Твои ќе бидат синовите Твои;
ќе ги поставиш за кнезови по целата земја.
18Ќе го споменувам името Твое од поколение во поколение;
заради тоа народите ќе Те исповедаат и ќе Те слават довека и во вечни векови.
Iliyochaguliwa sasa
Псалми 44: MAK2024PS
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
Македонско библиско здружение 2024

: