Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

1 Петар 5

5
Грижа за Божјото стадо
1 # Дела 11,30; Кол 3,4 Јас, кој и самиот сум презвитер и сведок на Христовите стра­да­ња и учесник во славата, којашто ќе се открие, ги молам презвитерите меѓу вас: 2#1 Тим 3,8; Тит 1,7пасете го Божјото стадо, кое е со вас, надгледувајќи го не со присила, туку доброволно; не заради срамна печалба, туку со усрдност. 3#Јн 13,15-17; 2 Кор 1,24Не како да господарите со народот, туку давајќи му пример на стадото. 4#1,4; 1 Кор 9,25; Јк 1,12; Откр 2,10А кога ќе се јави Пасти­рона­чал­ни­кот, ќе го добиете неовенливиот венец на славата.
Понизност и цврстина во верата
5 # Јов 22,29; Изреки 3,34; Јн 13,14; Јк 4,6; 1 Јн 2,12-14 Така и вие, помладите, покору­вај­те им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг за да се облечете во смиреномудрие, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на пониз­ните им дава благодат.“ 6#Фил 2,8-9; Јк 4,6-10Понизете се под крепката Божја рака, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. 7#Пс 54,22; Сир 2,1-8; Мт 6,25Секоја ваша грижа положете ја врз Него, зашто Тој се грижи за вас. 8#Ез 22,25; Пс 21,14; Јов 1,7; Мт 5,25; 1 Сол 5,6; 2 Тим 4,17Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта; 9#Ефес 6,11-16; 1 Сол 2,14; Јк 4,7спротивете му се, цврсти во верата, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот. 10#Рим 8,17.18; 2 Кор 4,17; 1 Сол 2,12А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Христос Исус, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, зацврсти, укрепи и направи непоколебливи. 11#4,11; Откр 1,8; 11,17Нему слава и власт во вечни векови. Амин!
Завршни поздрави
12 # Дела 15,22 По Силуан, кого го сметам за наш верен брат, ви напишав накратко, за да ве утешам и уверам дека ова, во кое стоите, е вистинската Божја благодат. 13#Дела 12,12; Откр 17,5Ве поздравува избраната со вас црква во Вавилон, и мојот син Марко. 14#2 Кор 13,12Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос Исус. Амин!

Iliyochaguliwa sasa

1 Петар 5: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia