Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

1 Коринтјаните 5

5
Разврат во црквата
1 # 3 Мојс 18,8 Насекаде се слуша дека кај вас има блуд и тоа таков блуд каков што не се спомнува ниту кај незнабошците, односно дека некој е со жената на својот татко. 2А вие наместо да тагувате, та да го исфрлите од вашата средина оној што го направил тоа дело, уште и сте се возгордеале. 3#Мт 18,18-20; 2 Кор 13,10#Кол 2,5Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, туку само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа. 4Кога во името на нашиот Господ Исус Христос ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос, 5#1 Тим 1,20предајте го на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та неговиот дух да се спаси во денот на Гос­под Исус. 6Вашето фалење не е добро. Зар не зна­ете дека малку квас го потквасува целото тесто? 7#2 Мојс 12,19.21; 13,7Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, нашата Пасха, беше жртвувана за нас. 8Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со бесквасни лебови во чистота и вистина. 9#2 Сол 3,14Во писмото ви пишав да не се мешате со блудници, 10#Рим 1,29-31но не општо со блудниците од овој свет, или со ненаситници, или со грабливци, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од светот. 11#6,9-10Но сега ви напишав да не се мешате со оној кој се нарекува брат, а е блудник, или ненаситник, или идолопоклоник, или клеветник, или пијаница, или грабливец; со таков дури и да не јадете. 12#Кол 4,5; 1 Сол 4,12Зошто јас да ги судам надворешните? Зар не ги судите вие внатрешните? 13#5 Мојс 17,7Надворешните, пак, ќе ги суди Бог. А вие исфрлете го лошиот меѓу вас.

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia