Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Захарија 12

12
Силна заштита Божја на Ерусалим.
1Пророчко слово од Господа за Израилот. Господ, Кој го распна небото и ја основа земјата и му создаде на човекот дух, кој е во него, вели:
2ете, Јас ќе го направам Ерусалим како чаша за опивање на сите народи околни, а исто така и за Јуда во времето на ерусалимската опсада.
3Во оној ден ќе го направам Ерусалим како тежок камен за сите племиња; сите што ќе го подигаат, ќе се искилават, а ќе се соберат против него сите народи земни.
4Во оној ден, вели Господ, Јас ќе го поразам секој коњ со лудост, а коњаникот негов – со безумие, додека врз домот Јудин ќе ги отворам очите Свои; секој коњ пак, при народите ќе го празам со слепило.
5Тогаш кнезовите Јудини ќе речат во срцата свои: моја сила се жителите на Ерусалим во Господа Саваот, нивниот Бог.
6Во оној ден Јас ќе ги направам кнезовите Јудини како запален јаглен меѓу дрва и како огнено светило меѓу снопови; тие ќе ги истребат сите околни народи, и од десната и од левата страна, и Ерусалим ќе биде одново населен на своето место – во Ерусалим.
7И Господ ќе ги спаси најнапред шаторите на Јуда, така што величието на домот Давидов и величието на ерусалимските жители да не се издига над Јуда.
8Во оној ден Господ ќе ги брани жителите на Ерусалим, и најслабиот меѓу нив во оној ден ќе биде како Давид, а домот Давидов ќе стане како Божји дом, како ангел Господен пред нив.
9Во оној ден ќе ги истребам сите народи, што го напаѓаат Ерусалим.
10А врз домот Давидов и врз жителите ерусалимски ќе излијам дух на благодат и милост, и тие ќе погледаат на Него, Кого тие го прободоа, и ќе плачат за Него, како што се плаче за еднороден син, и ќе жалат како што се жали за првороден.
11Во оној ден ќе се крене голем плач во Ерусалим, како плач на Хададримона во долината Мегидон.
12И ќе плаче земјата, секое племе посебно; племето на домот Давидов, и жените нивни одделно;
13племето на Левија одделно, и жените нивни одделно; племето Симеоново одделно, и жените нивни одделно;
14и сите други племиња, секое племе одделно, и жените нивни одделно.

Iliyochaguliwa sasa

Захарија 12: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia