Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Михеј 6

6
Жртва што Му е угодна на Господа.
1Слушајте што вели Господ: »Стани и суди се со горите и со ридовите да го чујат гласот твој!«
2Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се бори со Израилот.
3Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми.
4Јас те изведов од Египетската земја, те ослободив од домот на ропството и ги водев пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.
5Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одговори Валаам, синот Веров и што стана од Ситим до Галгал – за да ги познаеш праведните дела на Господа.
6»Со што да застанам пред Господа, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци?
7Но може ли да Му се угоди на Господа со илјадници овни или незимерни потоци елеј? Дали да Му го дадам мојот провороден син за престапите свои и плодот на утробата своја – за гревовите на душата своја?«
8О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш правично, да сакаш милосрдни дела и смирено да врвиш пред твојот Бог.
9Гласот Господов вика кон градот и мудроста се претпочита пред Твоето име; слушајте го жезалот и Оној, Кој те поставил.
10Па зар не се наоѓаат во домот на безножникот богатство несправедливо и мерка смалена, одвратна?
11Можам ли да бидам чист со мерките на беззакониците и со мерките во мојата торба?
12богаташите негови се полни со неправда, и жителите негови говорат неправда, а и јазикот нивни измама е во устата нивна.
13Затоа ќе почнам да те поразувам со запустување поради гревовите твои.
14Ќе јадеш – и нема да се наситуваш; празнина ќе има внатре во тебе; ќе пазиш, но нема да забележуваш, а она што ќе зачуваш, тоа Јас ќе го предадам на меч.
15Ќе сееш, но нема да женееш; ќе гмечиш маслинки, но нема да се намажеш со елеј; ќе цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино.
16При вас се запазиле обичаите на Замврија и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните совети. Затоа ќе те предадам на запустување и жителите твои на потсмев, а вие ќе претрпите поруга од Мојот народ.

Iliyochaguliwa sasa

Михеј 6: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia