Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Осија 12

12
Јаков е углед на својот народ.
1Ефрем пасе ветар и трча кон источниот ветар, секој ден ја зголемува лагата и запустувањето, склучува сојуз со Асур, а во Египет праќа елеј.
2Но и со Јуда Господ ќе има суд – и Он ќе го посети Јакова по патиштата негови, и Ќе му даде според делата негови.
3Уште во утробата мајчина тој го задржуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога.
4Он се бореше против Ангел – и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Он нѐ најде и таму зборуваше со нас.
5А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово.
6Обрни се и ти кон својот Бог; биди милостив и правичен, и секогаш надевај се на твојот Бог.
7Хананеецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува;
8И Ефрем вели: »Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.«
9Јас, пак, твојот Господ Бог уште од земјата Египетска, пак ќе те населам да седиш во сеници како во деновите на празникот.
10Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците се служев со споредувања.
11Ако Галад стана Авен, тоа и тие станаа суетни, во Галгал колеа за жртви телци, а жртвениците им стоеја како купишта камења на меѓите од нивните ниви.
12Избега Јаков на нивите сириски и Израил служеше за жена, а за жена и овци пасеше.
13Преку пророк го изведе Господ Израилот од Египет и преку пророк Он го пази.
14Ефрем многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ќе ја остави крвта негова на него, и ќе му го врати срамот негов.

Iliyochaguliwa sasa

Осија 12: MK1990

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia