Агеј 2
2
Пророкувањето за идната слава на храмот и за Месија.
1Во седмиот месец, на дваесет и првиот ден од месецот, би слово Господово преку пророкот Агеј:
2»Кажи им сега на Зоровавела, синот Салатиилов, управителот на Јудеја, и на Исуса, Јоседековиот син, првосвештеникот, и на другиот народ:
3Кој од вас останал што го видел овој храм во неговата поранешна слава, а како вие сега го гледате овој? Не е ли овој како ништо во вашите очи?
4Но охрабри се сега, Зоровавеле, – вели Господ – ободри се, Исусе, сине Јоседеков, првосвештенику, охрабрете се сите народи овде – вели Господ – и работете, зашто Јас сум со вас«, вели Господ Саваот.
5»Мојот завет, што го склучив со вас, кога излеговте од Египет, и Мојот Дух ќе биде меѓу вас: не плашете се!«
6Оти вака вели Господ Саваот – »уште еднаш – и ете, скоро ќе се случи тоа – ќе ги затресам небото и земјата, морето и сувото;
7Ќе ги стресам сите народи – и ќе дојде Оној, Кого Го бараат сите народи и ќе се исполни овој Дом со слава«, вели Господ Саваот.
8»Среброто е Мое и златото е Мое« – вели Господ Саваот.
9»Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот – вели Господ Саваот; и на ова место ќе му дадам мир«, вели Господ Саваот.
10На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дарија, би слово Господово преку пророкот Агеј:
11»Вака вели Господ Саваот – прашај ги свештениците за Законот и кажи –
12ако некој би носел осветено месо во полата од облеката своја, и со полата би се допрел до леб, или до нешто варено или до вино, или до елеј, или до што годе друго јадење, дали би се осветило тоа?« Одговорија свештениците и рекоа: »не.«
13Потоа пак рече Агеј: »Ако некој нечист од мртовец би се допрел до тоа, дали би станало тоа нечисто?« Одговорија свештениците и рекоа – »ќе стане нечисто.«
14Тогаш рече Агеј – таков е и овој народ, такво е и ова племе пред Мене, вели Господ, и такви се сите дела на рацете негови! Па што и да принесувате, сѐ ќе биде нечисто.
15А сега свртете го срцето на времето од овој ден наназад, кога уште не беше положен камен на камен во овој храм Господен.
16Порано, доаѓале до крстина, што дава до дваесет мери и, ќе се добиеле само десет; и до каца од педесет мери, а таа давала само дваесет мери.
17Ве поразував со гламја и со млечка по житата и со град во сите работи на рацете ваши, но вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ.
18Свртете ги срцата ваши на времето од денес и наназад, од дваесет и четвртиот ден во овој деветти месец, од денот кога беше основан храмот Господен; обрнете ги срцата ваши:
19Има ли уште во житниците семе? Досега ни лозата, ни смоквата, ни нарот, ни маслината не даваа плод; а од денес Јас ги благословувам.
20И би слово Господово до пророкот Агеј по вторпат на дваесет и четвртиот ден од месецот, и беше речено:
21»Кажи му на Зоровавела, управителот на Јудеја: ќе го затресам небото и земјата;
22ќе урнам престоли на царства незнабожечки, ќе превртам бојни коли и оние што ќе седнат во нив, и кутнати ќе бидат и коњите и коњаниците нивни ќе паднат, еден од мечот на другиот.
23Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе те земам, Зоровавеле, сине Салтаилов, слуго Мој, вели Господ, и ќе те држам како печат, бидејќи те избрав.«
Iliyochaguliwa sasa
Агеј 2: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: