Ппророк Језекиил 44
44
За свештениците на новиот храм.
1Потоа ме поведе назад, кај надворешната врата на светилиштето, свртена кон исток, а таа беше затворена.
2И ми рече Господ: оваа врата ќе биде затворена, не смее да се отвора и ниеден човек нема да влезе низ неа, оти Господ Бог Израилев влегува низ неа и таа ќе биде затворена.
3Таа е за кнезот, само кнезот, затоа што е кнез ќе седне до неа за да јаде леб пред Господа: ќе влезе преку тремот на таа врата и преку неа ќе излезе.
4Потоа ме одведе низ северната врата пред лицето на храмот и видов, а тоа славата Господова го исполнуваше домот Господов, и паднав ничкум.
5И ми рече Господ: сине човечки, земи го при срце сево ова, гледај со очите свои и слушај го со ушите свои сето она, што ќе ти го кажам за сите наредби во домот Господен и за сите негови закони: пази добро за влезот на храмот и за сите излези од светилиштето.
6И кажи му на отстапничкиот дом Израилев – вака вели Господ Бог: »Доме Израилев, престанете да ги вршите сите ваши гадотии,
7да ги воведувате синовите на туѓинка, необрезани по срце и необрезани по плот, за да бидат во Моето светилиште и да го осквернуваат Мојот храм, да го поднесувате Мојот леб, мрс и крв и да го растурате Мојот завет со вашите секакви гадотии.
8Вие не стоевте на стража пред моите светињи, а ги поставувавте нив како стражари место себе при Моето светилиште.
9Така вели Господ Бог: ниеден син на туѓинка, необрезан по срце и необрезан по плот, не смее да влегува во Моето светилиште, дури и оној син на туѓинка, која живее меѓу синовите Израилеви.
10Исто така и левитите, кои се оддалечија од Мене во времето на Израилевото отстапништво, откако Ме оставија, блудствуваа со идолите свои, исто така тие ќе претрпат казна за гревовите свои.
11Тие ќе служат во светилиштето Мое како стража пред вратата на храмот и како прислужници на храмот; тие ќе колат за луѓето сепаленици и други жртви ќе стојат пред нив, за да им служат.
12А заради она што им служеа пред нивните идоли и за домот на Израилот беа соблазан за нечестие, Јас ја кренав раката Своја врз нив, вели Господ Бог, и тие ќе претрпат казна за гревот свој;
13тие нема да се приближуваат до Мене за да свештенодејствуваат пред Мене и да пристапуваат до сите Мои светињи, до Свјатаја Свјатих, но ќе го носат врз себе срамот свој и гадотиите свои, што ги вршеле.
14Ќе ги направам чувари на храмот за сите негови служби и за сѐ, што ќе се одвива во него.
15А свештениците од коленото Левиево, синовите на Садока, кои постојано пазеа на Моето светилиште, кога синовите Израилеви остапија од Мене, ќе се приближуваат до Мене за да ми служат и ќе се задржуваат пред лицето Мое, за да ми принесуваат мрс и крв, вели Господ Бог.
16Тие ќе влегуваат во Моето светилиште и ќе се приближуваат до Мојата трпеза, за да ми служат и да бидат стража Моја.
17Кога ќе дојдат до вратата на внатрешниот двор, тогаш ќе се облечат во ленени облеки, а волнени не смее да има во нив за сето време на службата, до вратите на внатрешниот двор и внатрешноста на храмот.
18Превезите на главите нивни треба да бидат исто така ленени; а и долната облека на бедрата нивни исто така ленена; тие не смеат да се опашуваат со ништо, од што би се потеле.
19А кога ќе треба да излезат во надворешниот двор, во надворешниот двор пред народот, тогаш ќе треба да ги соблечат одеждите свои, со кои служеле, и да ги остават во свештените соби и да облечат други облеки, а со свештените одежди да не се допираат до народот.
20И главата своја на смеат да ја бричат ниту косата да ја пуштаат, туку да ја стрижат главата своја.
21И вино не бива да бие ниеден свештеник, кога ќе влегува во внатрешниот двор.
22Ниту вдовица, ни пак разведена од маж не смее тој да зема за жена, туку само девојка од племето на домот Израилев, и вдовица од свештеник.
23Тие треба да го учат Мојот народ да разликува свештено од несвештено и да им објаснуваат што е нечисто, а што е чисто.
24Во расправиите при судовите треба да присуствуваат и според Моите наредби да судат и да пазат на Моите закони и на наредбите Мои за сите Мои празници и свето да пазат на Моите саботи.
25До мртов човек никој да не се доближува, за да не стане нечист, само заради татко и мајка, заради син и ќерка, брат и сестра што не се женети можат да се осквернат.
26На таков, откако ќе се очисти, треба да се избројат уште седум дена.
27И во оној ден, кога ќе треба да пристапи до светињата во внатрешниот двор, за да служи пред светињата, тој треба да принесе жртва за грев, вели Господ Бог.
28А што се однесува до делот нивни, Јас сум нивниот дел. И сопственост во Израилот не давајте им: Јас сум нивната сопственост.
29Тие ќе јадат од лебниот принос, од жртвата за грев и од жртвата за престап: и сѐ што е ветено во Израилот, ним им припаѓа.
30И првините од сите ваши плодови и од секој ваш род како принос, какви и да биле вашите приноси, им припаѓаат на свештениците; и првините од меленото давајте му го на свешненикот за да има благослов во вашите домови.
31Свештениците не смеат да јадат никаква мрша и ништо раскинато од ѕвер, па било тоа птица или добиток.«
Iliyochaguliwa sasa
Ппророк Језекиил 44: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: