Ппророк Језекиил 41
41
Опис на храмовата внатрешност.
1Потоа ме воведе во храмот и ги измери столбовите: по шест лакти широки од едната страна и по шест лакти широки од другата страна, колку што беше широка скинијата.
2Вратите беа широки по десет лакти, а страните на вратите по пет лакти од едната и по пет лакти од другата страна, а должината на храмот четириесет лакти, додека широчината му беше дванаесет лакти.
3И влезе внатре, па ти измери столбовите покрај вратите – по два лакта, и вратите – по шест лакти, додека широчината на вратата е седум лакти.
4Го измери храмот – дванаесет лакти надолж и дванаесет лакти широк, па ми рече – тоа е Свјатаја Свјатих.
5Го измери ѕидот на храмот – шест лакти, а широчината на собите околу храмот – по четири лакти.
6Странични соби имаше триесет и три, соба под соба: тие се наоѓаа во ѕидот, што беше околу храмот што беше врска со него но не се допираа до ѕидовите на самиот храм.
7И храмот сѐ повеќе се ширеше наоколу над станичните соби, зашто кругот негов се издигаше сѐ погоре и погоре наоколу, па затоа храмот беше многу поширок горе, оти искачувањето од долниот кат сѐ до горниот минуваше преку средниот.
8И го видов врвот на храмот наоколу; неговите странични соби во својата основа имаа мерка – една трска; шест полни лакти.
9Ширината на ѕидот од станичните соби, што се издаваа надвор – пет лакти, а по страничните соби на храмот постоеше слободен простор.
10И меѓу собите имаше растојание – по дваесет лакти околу целиот храм.
11Вратите на страничните соби водеа во слободниот простор, една врата кон северната страна, а другата врата кон јужната страна; ширината на тој слободен простор беше пет лакти наоколу.
12Зградата пред плоштадот од западната страна беше широка седумдесет лакти; ѕидот на таа зграда пет лакти широк наоколу, а долг беше деветнаесет лакти.
13Го измери тој храмот – сто лакти должина, а плоштадот и одделенијата и страните нивни, исто така со должина од сто лакти.
14И ширината на храмот од кај предната страна на плоштадот спрема исток – пак сто лакти.
15Потоа ја измери должината на зградата пред плоштадот од задната страна со страничните одделенија од едната и од другата страна – по сто лакти, од внатрешноста на храмот и тремовите на дворот.
16Праговите, прозорците решетчести и страничните соби наоколу, на сите три ката спроти праговите беа обложени со дрво од подот до прозорците; прозорците беа затворени.
17Од горниот дел на вратата како одвнатре на храмот така и однадвор и по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор имаше фигури резбарени;
18беа направени херувими и палми: палма меѓу двата хреувима и при секој херувим – по две лица.
19Од едната страна кон палмата имаше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата – лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу.
20Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот.
21Во храмот имаше четириаголни довратници, а и на светилиштето исто така довратници слични какви што сум видел.
22Жртвеникот беше дрвен – три лакти висок и два лакта долг; и аглите негови и подножјата негови и страните негови беа од дрво; па ми рече тој – тоа е трпезата што е пред Господа.
23Во храмот и во светилиштето имаше по две врати.
24Вратите имаа по две крила; и двете крила беа подвижни – по две крила кај едната врата и по две крила кај другата врата;
25на тие врати беа направени херувими и палми, исто така изработени какви што беа по ѕидовите; а пред тремот однадвор имаше дрвен под.
26А решетчести прозорци и палми имаше од едната страна и од другата страна по страните на тремот и на околните храмови соби, а и по гредите.
Iliyochaguliwa sasa
Ппророк Језекиил 41: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: