Даниил 2
2
Даниил го толкува сонот на Навуходоносора.
1Во втората година од царувањето свое Навуходоносор сони сон, од кој духот му се смати и сонот побегна од него.
2Па заповеда царот да ги повикаат гатачите и гледачите, меѓепсниците и Халдејците за да му го протолкуваат сонот. Тие дојдоа и застанаа пред царот.
3И им рече царот: »Сонив сон и духот ми се возбуди – сакам да знам што значи тој сон.«
4Тогаш Халдејците му рекоа на царот по арамејски јазик: »Царе, да си жив довека, кажи им го на слугите својот сон и ние ќе објасниме што означува тој.«
5Одговори царот и им рече на Халдејците: »Сонот избега од мене; ако не ми го кажете сонот и што означува тој, ќе бидете исечени на парчиња, и куќите ваши ќе биде претворени во урнатини;
6ако, пак, ми го кажете сонот и што означува тој, од мене ќе добиете дарови, награда и голема чест; па кажете ми го сонот и што означува тој!«
7Тие повторно одговорија и рекоа: »Царот нека им го каже на слугите својот сон и ние ќе објасниме што означува тој.«
8Одговори царот и рече: »Гледам дека вие сакате да добиете во време, оти гледате, дека сонот веќе избегал од мене.
9Бидејќи не ми го кажувате сонот, вие секако имате некоја намера: се готвите да ми кажете лага и измама, додека мине времето; но кажете му на синот мој и тогаш ќе знам дека вие можете да ми објасните и што значи тој.«
10Халдејците му одговорија на царот и рекоа: »На земјата нема човек што може да му го открие на царот сонот, и затоа ниеден цар, голем и силен, не побарал слично нешто од ниеден јасновидец, гледач и Халдеец;
11сонот, што го бара царот, е толку тежок, што никој друг не може да му го открие на царот, освен боговите, кои не живеат со смртниците.«
12Царот се разгневи и се јадоса многу поради тој одговор, па заповеда да ги истребат сите вавилонски мудреци.
13Кога излезе таа заповед да се убиваат мудреците, го побараа Даниила и другарите негови за да ги убијат.
14Тогаш Даниил се обрна со претпазливост и мудрост кон Ариоха, началникот на царските телохранители, кој беше излезен да ги убива вавилонските мудреци,
15и го праша Ариоха, а тој беше силен пред царот: »Зошто таква страшна заповед од царот?« Тогаш Ариох му ја прикажа на Даниила целата случка.
16И Даниил појде кај царот и измоли да му даде време за да му го каже на царот толкувањето на сонот.
17Даниил отиде дома и им ја кажа работата на своите другари Ананија, Мисаила и Азарија,
18за да измолат милост од Бога небесни за таа тајна, па Даниил и другарите негови да не загинат заедно со другите мудреци вавилонски.
19И тогаш тајната му беше откриена на Даниила во ноќно време, и Даниил го благослови небесниот Бог.
20И рече тогаш Даниил: »Нека е благословено името на Господа од века и до века, зашто во него има мудрост и сила.
21Он ги менува времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни.
22Он открива што е длабоко и сокриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него.
23Те прославувам и величам, Боже на татковците мои, затоа што ми даде мудрост и сила и ми го откри она, за што те молевме; оти Ти ни го откри сонот на царот.«
24Потоа Даниил отиде при Ариоха, кому царот му беше заповедал да ги убие мудреците вавилонски, влезе и му рече: »Не убивај ги мудреците вавилонски; одведи ме при царот и јас ќе му откријам што означува сонот.«
25Тогаш Ариох веднаш го одведе Даниила кај царот и му рече: »При заробените синови на Јуда најдов човек кој може да му открие на царот што означува сонот.«
26Царот му рече на Даниила, кој беше преименован во Валтазар: »Можеш ли да ми го кажеш сонот што го видов и што означува тој?«
27Даниил му одговори на царот и рече: »Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни маѓапесниците, ни јасновидците ни гледачите.
28Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Он ќе му открие на царот Навуходоносор сѐ што ќе се збидне во последните денови. Твојот сон И она што го видела главата твоја на твоето легло, е ова:
29Ти царе, на леглото свое си мислеше што ќе се случи после, и Оној Кој отркива тајни, ти покажа што ќе се случи.
30А мене таа тајна ми се откри, не за да бидам помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги узнаеш мислите на срцето свое.
31Твоето видение, царе, е вакво; ете, некаков си голем, огромен беше тој лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и погледот му беше страшен.
32Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни.
33Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени.
34Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши.
35Тогаш заедно сѐ се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја.
36Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.
37Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
39По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.
40А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сѐ, така и тоа железо што крши сѐ, ќе дроби и ќе уништува.
41А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
44И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.
45Бидејќи ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи потоа. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!«
46Тогаш царот Навуходоносор падна ничкум и се поклони пред Даниила, па заповеда да му донесат дарови и благопријатни кадива;
47и му рече царот на Даниила: »Навистина вашиот Бог е Бог над боговите и Господар на царевите, Кој открива тајни, штом ти можеше да ја откриеш оваа тајна!«
48Тогаш царот го возвиши Даниила, му даде многу големи дарови и го постави над целата област вавилонска, како главен началник над сите мудреци вавилонски.
49Но Даниил го замоли царот, и тој ги постави Седраха, Мисаха и Авденаго над работите од земјата вавилонска, а Даниил остана при царскиот двор.
Iliyochaguliwa sasa
Даниил 2: MK1990
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: