Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Резултати од пребарувањето за: purity

1 Тимотеј 4:12 (MK2006)

Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота!

Псалми 119:9 (MK2006)

Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои!

1 Коринтјаните 6:19 (MK2006)

Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не при­па­ѓа­те само на себе?

1 Коринтјаните 6:20 (MK2006)

Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји.

Филипјаните 4:8 (MK2006)

Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!

Псалми 51:10 (MK2006)

Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене.

1 Солуњаните 4:3 (MK2006)

Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство,

1 Солуњаните 4:4 (MK2006)

и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост,

2 Коринтјаните 7:1 (MK2006)

И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.

1 Коринтјаните 6:18 (MK2006)

Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.

Ефесјаните 5:3 (MK2006)

А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,

1 Солуњаните 4:5 (MK2006)

а не во похотна страст, како незна­бошците, кои не Го познаваат Бога,

1 Солуњаните 4:7 (MK2006)

Зашто Бог не нѐ повика кон нечис­тота, туку во светост.

1 Солуњаните 4:8 (MK2006)

А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.

2 Тимотеј 2:22 (MK2006)

Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господ од чисто срце!

Псалми 119:11 (MK2006)

Ги сокрив во срцето свое запо­ведите Твои, за да не грешам пред Тебе.

Јаков 1:14 (MK2006)

но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами.

Јаков 1:21 (MK2006)

Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

Римјаните 6:23 (MK2006)

Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот ве­чен во Христос Исус, нашиот Господ.

Римјаните 8:6 (MK2006)

Копнежот на телото е смрт, а коп­не­жот на духот – живот и мир.

Римјаните 12:1 (MK2006)

Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги те­лата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.

Римјаните 12:2 (MK2006)

Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на ва­шиот ум за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.

1 Коринтјаните 10:13 (MK2006)

Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој не­ма да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со ис­ку­шението ќе ви даде и излез, за да мо­же­те да издржите.

Евреите 4:16 (MK2006)

И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да при­миме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.

Филипјаните 4:9 (MK2006)

И она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, – и Бог на мирот ќе биде со вас!