Резултати од пребарувањето за: mercy
Евреите 4:16 (MK2006)
И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
Јаков 2:13 (MK2006)
Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.
Плачот 3:22 (MK2006)
по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато;
Плачот 3:23 (MK2006)
тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема!
Ефесјаните 2:4 (MK2006)
Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
Ефесјаните 2:5 (MK2006)
иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христос
Псалми 51:1 (MK2006)
Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.
Ефесјаните 2:8 (MK2006)
Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!
Тит 3:5 (MK2006)
Тој нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух,
Лука 6:36 (MK2006)
И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“
Псалми 51:2 (MK2006)
Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,
Плачот 3:24 (MK2006)
Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.
Михеј 6:8 (MK2006)
О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог.
Евреите 4:15 (MK2006)
Зашто, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој искусил сѐ како и ние, освен грев.
1 Тимотеј 1:16 (MK2006)
Па затоа бев помилуван, за да ја покаже Исус Христос прво на мене сета долготрпеливост, како пример на оние кои ќе поверуваат во Него за живот вечен.
Лука 6:35 (MK2006)
Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите.
Јаков 2:12 (MK2006)
Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според законот на слободата.
1 Петар 1:3 (MK2006)
Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нѐ прероди преку воскресението на Исус Христос од мртвите за жива надеж,
Римјаните 9:15 (MK2006)
Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го помилувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“
Римјаните 9:16 (MK2006)
И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој покажува милост.
Ефесјаните 2:6 (MK2006)
и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
Псалми 103:8 (MK2006)
Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;
Псалми 103:10 (MK2006)
Тој не постапува со нас според нашите беззаконија и не ни плаќа според нашите беззаконија;
Псалми 103:11 (MK2006)
зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него;
Псалми 103:12 (MK2006)
колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечува Тој од нас нашите престапи;